Медиумска писменост и граѓански активизам во руралните средини

Носител на проектот: Здружение за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР
Медиумски партнери: Македонско радио, портал „Инфо компас“ и списание „Зелена Берза“

Наслов на проектот: Медиумска писменост и граѓански активизам во руралните средини

Медиумскиот простор е мултиплатформски и континуирано бара нови методи за собирање, анализа и доставување на квалитетни вести и информации. Но, и покрај тоа медиумскиот сектор и професионалните новинари заостануваат во реализирањето на важни мултимедијални вештини за пренесување на вести и приказни, поврзани за руралниот развој. Локалните рурални медиуми практично и не постојат. Првиот заклучок е дека не постои системско и континуирано промовирање на руралниот развој како сложено прашање кое опфаќа социјална, образовна, еколошка и здравствена тема, вклучувајќи и маргинализираните групи, а кое треба да биде важен фактор за надминување на негативната перцепција на новинарските професионалци и медиуми.

Преку ефективно анализирање, оценување, употреба и креирање на медиумски содржини од руралните средини, промовирајќи слобода на изразување, организацијата ЛАГ Агро Лидер ќе работи на јакнење на поддршка на медиумската писменост меѓу населението во руралните средини и јакнење на поддршката за медиумите од страна на граѓанското општество во руралните средини за процесите на реформи во медиумскиот сектор и подобрување на знаењата, вештините и ставовите на граѓанските организации во руралните средини во однос на медиумска писменост и креирање на квалитетни медиумски стории.

Целни групи се млади во руралните средини, жени и земјоделци, во целните рурални општини.

Дел од медиумите како засегнати страни ќе бидат вклучени во целиот процес.

Главни области на делување на организацијата Лаг Агро Лидер се социјалната и здравствена заштита, зголемување на вработеноста во руралните средини, подобрување на конкурентноста на земјоделско-прехранбениот сектор,  заштита на животната средина, промоција на културно и историско  наследство, институционална соработка на локално и регионално ниво и вмрежување.

Мисијата на ЛАГ Агро Лидер е да промовира и да придонесе кон одржлив рурален развој на територијата на Општина Долнени, Кривогаштани и Крушево преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал.

Лице за контакт од организацијата: Марина Тошеска, [email protected]