Родово сензитивни медиуми за родово еднакво општество

Носител на проектот: Женска граѓанска иницијатива „Антико

Наслов на проектот: Родово сензитивни медиуми за родово еднакво општество

И покрај фактот што бројот на мажи и жени на глобално ниво е приближно еднаков, сепак жените се „слушнати“ во само околу 23% од светските вести, односно светот прикажан во медиумите, во огромна мера е машки. Дополнително, кога жените ќе стасаат во вестите, ретко се инволвирани како експерти, во само околу 20% од случаите (Global Media Monitoring Projects, 2010). Оваа ситуација не ја одразува реалната композиција во општеството туку ги прави жените, релативно невидливи и ги лимитира можностите да биде чуена и женската димензија и експертиза. Во Македонија не постои официјална анализа, но генерално оваа ситуација се пресликува и кај нас.

Главна цел на проектот е да се придонесе кон зголемувањето на родовиот баланс и сензитивност при известување во медиумите и фер портретирање на жените преку елиминирање на стереотипите.

Исто така, проектот ќе има цел да се зајакнат капацитетите на најмалку 15 граѓански активисти за мониторинг на медиумското известување во однос на родовата сензитивност, родовата балансираност и портретирањето на жените кон подигнувањето на јавната свест за значењето на родовата сензитивност и балансираност при медиумското известување, и утврдување на реалната слика на медиумското известување во однос на родовата сензитивност.

Целите групи на проектот се граѓанските активисти, новинари и студенти по новинарство, медиумите, жените и пошироката јавност.

ЖГИ АНТИКО е мрежа на 18 локални ГО, формирана 1999, како одговор на потребата на заедницата за мултиетничко вмрежување и тимско делување во областа на демократијата, плурализмот, толеранцијата, меѓуетничката соработка, родовата рамноправност и активното учество во изградбата на мирот преку економска, социјална, културна благосостојба и почитување на основните човекови права.

АНТИКО е динамична  е граѓанска иницијатива на жени која преку координирано делување дава придонес за промоција на културата на мирот и изградбата на заедницата преку, унапредувањето на политиките и практиките за заштитата на човековите/женските права, постигнувањето на родовата рамноправност, унапредување на демократските процеси и мултиетничката соработка во Македонија и пошироко.

Лице за контакт од организацијата: Александра Јовевска Ѓорѓевиќ, antico@t-home.mk