Здраво млади

Носител на проектот:  Доверба – Куманово
Медиумски партнер: Радио Бум

Наслов на проектот: ЗДРАВО МЛАДИ

Менталното здравје е проблем кој што недоволно се актуелизира, но постои и остава сериозни последици особено кај младите во Македонија. Образованието тешко се „справува“ со личните проблеми на учениците и овие теми се перцепирани како прилично тешки и табу теми кои не се погодни за во образовниот процес.

Во проектот е планирано да се подигне свеста за важноста на менталното здравје кај младите, да се актуелизира проблемот, преку промовирање на концептот на граѓанско новинарство, односно создавање на врски помеѓу медиумите и заедницата, преку: истражувања, јавни дебати, меѓу родители, млади, стручна служба, наставници, преку едукативни радио емисии за развивање на граѓанската култура за темата.

Проектот на организацијата „Доверба“ од Куманово има за цел да ја подигне свеста за важноста на менталното здравје кај младите, да ги поттикне граѓаните заедно со медиумите да го актуелизираат проблемот во пошироката јавност и да ги анимираат надлежните институции заедно со младите, родителите , наставниците, стручна служба, да преземат мерки со кои ќе се помогне на младите ефикасно да се справуваат со психолошки проблеми. Младите, нивните родители и стручна служба во училишта со лично учество користејќи ги традиционалните и социјалните медиуми за промовирање на темата ќе работат заедно за истражување на проблемот и наоѓање начини за создавање ментално здрава млада личност.

Целни групи во проектот се тинејџерите, млади лица со посебни потреби, Роми и припадници на други етнички заедници, деца на самохрани родители и други ранливи категории, родителите наставниците и стручни служби во училишта. Директно во имплементацијата на проектот ќе бидат вклучени Радио Бум, претставници на ученици, родители, наставници и стручна служба и други стручните лица, кои преку медиумски содржини ќе укажуваат на проблемите и начините за нивно надминување.

Основните цели и задачи на Здружението “Доверба” се насочени кон постигнување на заеднички интереси на своите членови во заштитата на помладите генерации од сите зла на денешниот свет и нивниот развој во компетентни учесници во општеството, зајакнување на менталните, емоционалните и физичките зајакнување на семејните односи, подобрување на животните услови и животната средина, поддршка на почитувањето, довербата и комуникацијата меѓу луѓето од сите националности, помагајќи го развојот на граѓанското општество и демократијата во Република Македонија.

Лице на контакт од организацијата: Дивна Јанкова, doverbaku@hotmail.com