Обука за ученици за медиумска писменост

Кога: 17 мај, 2019
Каде: Сала на Совет на Општина КумановоИнфо за настанот: Во рамки на проектот „За подобро ментално здравје на младите“ здружението „Доверба“ од Куманово ќе спроведе обука за медиумска писменост, наменета за ученици од средните училишта од Куманово.

На обуката ќе бидат опфатени повеќе теми поврзани со медиумската писменост како што се: значењето на медиумската писменост и медиумската писменост на младите, новинарството и медиумите, улогата и влијанието на медиумите и социјалните медиуми, лажни вести итн.

Во вториот дел од обуката ќе се разговара за менталното здравје и превенцијата на менталното здравје кај младите.

Обуката ќе ја водат Зоран Иванов, долгогодишен новинар и уредник и Вера Димовска, психолог.

Проектот „За подобро ментално здравје на младите“ кој го спроведува Здружението „Доверба“ од Куманово е поддржан во рамки на проектот „ Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести “, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.