Без разлика на опасностите новинарите мора да кажуваат кој му прави штета на општеството

На крајот на јануари 2019 години, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека насилството во Мексико е полошо отколку во Авганистан.На твитер тој рече дека случаите на убиства во Мексико се зголемиле за 33 проценти споредено со претходната година, достигнувајќи 33.341.

„Ова многу придонесува за хуманитарните кризи кои се случуваат на нашата јужна граница, а потоа се шири низ нашата земја полошо и од Авганистан. Многу се предизвикани од дрога. Ѕидот се гради“, рече Трамп.

Фактите го покажуваат она што Трамп го тврди.

Според националните и интернационалните организации, меѓу јануари и септември 2018, Мексико има регистрирано речиси 90 проценти повеќе цивилни жртви од Авганистан.

Конфликтот во Авганистан одзеде 3.804 жртви во 2018 според извештајот на Мисијата на ОН за помош во Авганистан (УНАМА).

Додадено на ова е големиот број на исчезнати луѓе, кој вкупно изнесува 40.180, според извештаите на Роберто Кабрера Алфаро, поранешен Национален Комесар за потрага по исчезнати лица.

Каролина Робледо, координаторка на истражувачката група за социјална и судска антропологија во Мексико, се соочува со различни видови на насилство, кои не се секогаш поврзани со организираниот криминал. Таа зборува за криза на човековите права и владеењето на правото.

„Контекстот [во Мексико] е едно од сериозните прекршувања на човековите права, преку кои јавните сили на правото и редот, од општинско до државно ниво, ја наметнуваат безбедноста преку злоупотреби и употреба на насилство како начин за контролирање на териториите и населението, но исто така, како начин за водење на бизнис и користење на приватни интереси благодарение на оваа нелегитимна употреба на сила“, објаснува Робледо.

Таа вели дека Мексико страда од институционално, економско, наследно и родово насилство.

Исто така постои и во сферата на информациите:„постои систем кој има за цел да ја скрие вистината и злосторставата, и да ги избрише доказите“.

Која е улогата на медиумите во овој контекст на повеќекратно насилство? Дали медиумите можат да придонесат за создавање на атмосфера на мир, дали можат да придонесат во борбата против криминалот и насилството? Со цел да најдам одговор на овие прашања, се консултирав со дваесет експерти, вклучувајки правници, академци, активисти, новинари и бранители на човековите права.“

Во конкретниот случај на присилни исчезнувања и скриени масовни гробници, медиумите одиграа многу важна улога со тоа што го направија проблемот видлив и го поставуваа на јавната агенда. Роднините на жртвите, како што се Мирна Нерејда Медина Квинонес, која ја предводи организацијата „Растреадорас де ел фуерте“ – група мајки кои си ги бараат своите исчезнати деца во државата Синалоа, вели дека поддршката на медиумите била фудаментална во нивните напори за изнаоѓање на вистината и правдата:

„Тие ни помогнаа со ширење на веста и зборување со нас“.

Нерејда го основала Растреадорас по исчезнувањето на нејзиниот син Роберто Коралес Медина. Тој бил киднапиран на 14 јули 2014 година, а неговите останки беа пронајдени три години подоцна, во скриен гроб. Таа вели дека медиумите ги притискаат групите како нејзините да стапат во контакт со властите и институциите, и да ги документираат одговорите што ќе ги добијат од нив, а кои подоцна може да бидат консултирани како студии на случај ако е потребно.

Кристина Авила Чезати, основач на „Кореспонсалез де Паз“ ја нагласува важноста на етичкото новинарство, бидејќи новинарите понекогаш можат да ги попречат истрагите, да доведат до тоа луѓето да бидат сведоци на немили настани, да ги нарушат информациите или да ги објават без дозвола.

Друг начин на кој што новинарите помогнаа во борбата против криминалот и насилството, е преку собирање на сведоштва, слики, снимки, интервјуа и вести кои се користеа за решавање на случаите и изведување на сторителите пред лицето на правдата. Ова е мислењето на Марија дел Кармен Аланис, поранешна судијка во Федералниот суд, кој користел вакви докази во случаи на политичко родово насилство.

Неколку консултирани новинари велат дека печатот не е ниту полиција, ниту јавен обвинител во борбата против насилството и криминалот. Сепак, тие се согласуваат дека треба да се следат изминатите случаи, за да не поминат неказнети, и инсистираат власта да биде транспарентна и да понуди пристап до информации и брза, експедитивна и ефикасна правда. Медиумите придонесуваат на некој начин што ја покажува етичката димензија на нивната професија.

Адела Наваро, главниот уредник на неделникот „Зета“, во пограничниот град Тихуана, Долна Калифорнија, вели дека улогата на медиумите е да ги објават информациите што ги крие владата: „новинарството се анализите, истрагите, предизвиците; ние се обидуваме да им кажеме на луѓето кои се оние кои нанесуваат штета на нашето општество.“

„Нашата посветоност мора да биде објавување на информации кои ќе придонесат за зрелоста на добро информирано општество, така што кога ќе дојде момент на донесување на одлуки, луѓето да ги имаат во предвид овие информации. Верувам дека на овој начин можеме да бидеме дел од ова општество кое бара промени, барајќи од власта да реагира како што треба, да истражува и да работи напорно за да може да се надмине недостатокот на безбедност и насилството што го доживуваме во последниве години“, смета Наваро.

Сепак, ваквата работа има последици. Во 38-те години од основањето на „Зета“, тројца нејзини новинари биле убиени, а еден од нејзините основачи, Јесус Бланкорнелас, преживеал напад во 1997 година кога бил погоден со четири куршуми, додека пак неговиот возач и неговиот техохранител немале среќа.

Со вкупен број од 144 загинати новинари од 2000 година, Мексико е најопасната земја во Америка за оваа професија. Ана Кристина Руела, регионалиниот директор на „Артикл 19“ во Мексико и Централна Америка, вели дека Мексико е „земја која не е во отворена војна, каде новинарството постојано мора да се соочува со напади, убиства, исчезнуивања, стрелања.“

И покрај ова, сеуште има обиди да се практикува истражувачко новинарство, новинарство полно со надеж и желба за изнаоѓање на решенија.

Медиумите во Мексико пронашле начин да се заштитат кога ја вршат својата професија, понекогаш избираат „тивки зони“ – со други зборови, самоцензура за заштита на нивната безбедност и живот.

Некои медиуми одлучија заеднички да ја потпишат својата работа, вестите го носат името на уредничкиот тим, за да се намали опасноста кон поединците. Исто така, создадени се мрежи за да спроведат заеднички истраги, да се создаде отпор и да се надмине стравот.

Редакциска одлука беше да не ги прикажува пораките што ги остава огранизираниот криминал врз осакатените тела, или како што се нарекуваат во Мексико, нарко банери, кои всушност се чаршави со испишани пораки,  обесени на мостови кои често ги оставаат до мртвите тела.

Сепак, нарко дилерите пронајдоа начин како да ја споделат својата порака. Организираниот криминал ги превзема медиумите, објавуваат свои колумни, испраќаат пораки и видеа преку социјалните медиуми.

„Социјалните мидуими станаа брз, нискоризичен канал за организиран криминал“, објаснува новинарот Урбано Барера, кој ги покрива безбедносните прашања веќе дваесет и пет години.

Барера вели дека организираниот криминал се инфилтрирал во многу сфери на моќ: правните аспекти, полицијата, во сите институции, и штом новинарот почнува да истражува, веднаш го идентификуваат.

„Националните медиуми може да се кријат до одреден степен, да се камуфлираат во урбаните центри. Но, во провинциите каде што нашите колеги се јасно идентификувани, и нивните адреси и нивните семејства се познати, не се во можност да објавуваат.“

А сепак, според експертите што се консултирани, тоа се случува преку објавување на информации, создавање на простори за појаснување на вистината за сериозни повреди на човековите права, новинарство кое вклучува детална истрага, контекстуална анализа, воспоставување на веродостојни бази на податоци, поставување агенда за јавна дебата и пишување на првите нацрти на историјата, што е една од главните функции на медиумите, особено во контекст на насилството во Мексико.

„Има интелегентни, смирувачки и одговорни начини на кои можеби можеме да избегнеме создавање на повеќе конфронтации“, вели Марсела Турти, основач на „Ред де Периодистас“и на „Квинто елементо лаб“, проект кој има за цел да го поттикне истражувачкото новинарство.

„Меѓу работите, што медиумите може да ги направат и да се сметаат за одговорни за нив, се информациите кои обезбедуваат контекст, за да им објаснат на луѓето што се случува и зошто, колку што тоа е можно, бидејќи кога има насилство, се останува обвиткано во магла“, додава таа.

Турати, исто така ја нагласува важноста за прикажување на логиката позади насилството, не само објавување на хорор приказни, туку да се најде начин да им се помогне на луѓето. Нешто друго што може да се направи, вели таа, е да се објавуваат стории со слични искуства во различни градови, држави, земји.

„Нашите истраги би требало да бидат за што е возможно, кон што можеме да целиме за да не западнеме во очај, за да не биде се она што го гледаме на вестите ужасно и да не ги парализира луѓето. Наместо тоа, треба да им помогнеме на луѓето да размислуваат за можните начини за интервенција и за луѓето да бараат од владата промена на стратегијата, или да можат да направат информиран избор.“

Серхио Агуајо, професор на „Колеџ Мексико“, колумнист и бранител на човекови права и демократија, се согласува со потребата вршителите на насилство да бидат спречени со тоа што подобро ќе и бидат објаснети на публиката. Тој вели дека со објаснување на нивната логика ќе може да им се дадат информации на оние кои формулираат јавни политики или на семејства кои ги бараат нивните исчезнати роднини. Исто така, важно е според него да се дадат информации на оние кои не се насилни за да бидат охрабрени.

Агуајо верува дека постојат стории кои треба да се кажат, но моментално не се доволно рефлектирани во медиумите. „Дефицитот кој постои во медиумите е тоа што немаме доволно кажано за различните мировни процеси.“

Тој додава дека треба да се известува за конкретни искуства, за тоа што веќе се случува.

„Според моето искуство, мексиканското општество не стои на страна правејќи ништо. Тоа не е пасивно, направено е да може да се одбрани, понекогаш успешно, понекогаш неуспешно. Мексиканското општество има платено огромна цена во животот, а тоа се приказните кои треба да ги кажуваме“, вели Агуајо.

Текст на Елва Нарсија за „Мрежата за етичко новинарство“ (ЕЈН)