Новинарот Стево Башуровски се сеќава како пред десетина години во обид да објават вест која стигнала непосредно пред почетокот на вестите не го испрочитувале начелото на пресумпцијата на невиност. „Од оваа грешка извлеков голема поука и сега повеќе внимаваме кога има вакви случаи“, вели тој. Албанска верзија
32 search results for: и новинарите грешат
И новинарите грешат: Сузана Мицева
Новинарката Сузана Мицева раскажува за еден настан кој се случил во 2016 година додека известувала за мигрантската криза. Прилогот кој го објавила со расплаканата жена наишол на критики дека шири хистерија и нетрпеливост кон бегалците. Таа вели дека тој настан се уште ја „копка“ и дека од денешна перспектива поинаку би направила. Албанска верзија...
И новинарите грешат: Мира Костиќ
Мира Костиќ е пензионирана новинарка со 40 годишна кариера зад себе. Но, и денес се сеќава на ситуација од бурните 90-ти години кога имала дилема дали да објави информација која би значела нарушување на имиџот на државата. Албанска верзија
И новинарите грешат: Фросина Димевска
Новинарката Фросина Димевска објаснува зошто е важна потврдата на идентитетот на изворите. Таа го споделува искуството кога разговарала со човек со исто име и презиме од различна институција, без притоа да провери дали личноста која ѝ дала изјава преку телефон имала исто презиме и име со друга личност. Албанска верзија
И новинарите грешат: Зоран Ќука
Зоран Ќука, уредникот на Радио Слободна Европа посочува дека е тенка линијата меѓу субјективното информирање и претставување на чистите факти. До денешен ден ја памети грешката и сака со таа грешка да им помогне на колегите да не ја прават истата. Албанска верзија
И новинарите грешат: Соња Петрушевска
Новинарката Соња Петрушевска раскажува за грешката што ја направила како уредник на вестите на 1 јануари. Таа објавила непроверена информација, но по укажувањето грешката ја поправила во наредните вести. „Новинарите треба да имаат доблест да се извинат за своите грешки. Публиката умее да распознава кога грешката е ненамерна, а кога се работи за тенденциозно пласирање...
И новинарите грешат: Гоце Трпковски
Новинарот Гоце Трпковски искуство како уредник во скопска редакција раскажува како довербата во младата колешка и недоволната комуникација како уредник со неа по враќањето на терен резултирало со објавена дезинформација, можна тужба и голем стрес. Албанска верзија
И новинарите грешат: Маја Блажевска
Маја Блажевска се присетува на случај пред повеќе од десетина години кога сакала да има ексклузивна вест не го испочитувала правото на пресумпција на невиност. Таа апелира на посебно внимание за вакви случаи: „Никој не е виновен, сѐ додека судската одлука“. Албанска верзија
И новинарите грешат: Ферикан Илијази
Новинарката Ферикан Илијази во истражувањето на приказната за убиство во Дебар објаснува дека во голем дел од известувањата имала претпоставки и непотврдени информации од институциите пред се за мотивот за убиството што по носењето на пресудата предизвикало голем револт и кај неа и кај надлежните. Албанска верзија
И новинарите грешат: Ајнуре Бафчари
Новинарката Ајнуре Бафачари вели дека изворите се важен елемент во информирањето, но треба да се земаат со голема резерва, поучена од непријатно искуство кога токму по информација од доверливи извори објавила вест која не била вистинита. Албанска верзија