Зошто е важна медиумската писменост беше темата на нашиот втор вебинар во рамките на Неделата против лажните вести. Михајло Лахтов, специјалист за комуникации и медиуми, сподели совети како да ги анализираме медиумските информации, како да ги проверуваме вестите, како да процениме дали некој медиумски производ ги задоволува стандардите.
Учесниците гледаа видеа и ги анализираа, погодуваа кои фотографии и видеа се лажни и како да ги препознаме.
Вебинарот за важноста на медиумската писменост беше дел од Неделата против лажните вести која започна на 12 ноември и ќе трае до 18 ноември.