Во кујната на дезинформирањето

Дезинформацијата е погрешна информација која има цел, намера, и најважно – интерес. Таа не е печатна грешка, ниту шеговита информација. Дезинформациите треба да ги натераат луѓето да формираат ставови и да носат одлуки не врз основа на реалната состојба, туку онака како што некому му одговара. Ѕирнете накратко во кујната на дезинформирањето и дознајте како се подготвуваат дезинформации и која е нивната цел.