Втората работилница во рамките на Неделата против лажните вести ја организиравме со членовите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Заедно со предавачите, Зоран Димитровски и Михајло Лахтов, учесниците учеа како функционираат медиумите и како влијаат врз нашите животи, а работеа и на откривање на лажните вести, дезинформациите манипулациите во медиумите.
Во ера кога повеќе од десет часови дневно поминуваме во контакт со медиуми, многу е важно да зборуваме која е важноста и влијанието на медиумите и како да направиме разлика помеѓу професионалното новинарство и манипулациите.
Работилниците ќе ги опфатат сите старосни групи и се дел од #НеделаПротивЛажниВести.
Повеќе фотографии од обуката, може да видите тука.
Неделата против лажните вести од 8ми до 12ти ноември е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ што го реализираат Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми, Синдикатот на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот е финансиран од Европската Унија.