Вебинари

Неделата против лажните вести ви нуди интересна можност да присуствувате на два вебинари и да дознаете нешто повеќе за медиумската писменост и за тоа како истражувачкото новинарство придонесува во борбата против лажните вести.

Нема демократско општество без медиумски писмени граѓани

Зошто е важна медиумската писменост беше темата на нашиот втор вебинар во рамките на Неделата против лажните вести. Михајло Лахтов, специјалист за комуникации и медиуми, сподели совети како да ги анализираме медиумските информации, како да ги проверуваме вестите, како да процениме дали некој медиумски производ ги задоволува стандардите.

Учесниците гледаа видеа и ги анализираа, погодуваа кои фотографии и видеа се лажни и како да ги препознаме.

Проверката е основната алатка на новинарите

„Дали е етички новинарите да користат скриена камера?“, „Дали хакерите од Велес имаа влијание во кампањата на Трамп во САД?“, „Кои се реномирани медиуми?“.

Ова се дел од прашањата на учесниците на вебинарот упатени до новинарката Кристина Озимец „Со новинарски техники до појасна слика: истражувачкото новинарство против лажните вести“ што го организираше Институтот за комуникациски студии во рамките на „Неделата против лажните вести“.
111