Вебинари

Игор Трајковски: Не сме ние тие кои треба да ги забранат непрофесионалните медиуми

Животниот век на вестите на Тајм.мк е два дена. Најмногу се чита во тек на работното време. Расте читаноста од мобилни телефони. Со Игор Трајковски, основачот и сопственик на најголемиот агрегатор за вести разговаравме за крититериумите кои го определуваат рејтингот на читаност на вестите. Зборевме и дали Тајм.мк би ги адаптирал условите за индексирање на медиумите во согласност со Регистарот на професионални онлјан медиуми што го иницираа Здружението на новинари на Македонија и Советот на етика во медиумите во Македонија.

Попопетревски: Детално проверуваме пред да објавиме

Во едночасовното онлајн предавање уредникот на емисијата “360 Степени“ Васко Попетревски сподели професионални искуства за верификување на изворите, проверката на фактите, како и некои етички дилеми со кои се соочил во секојдневната работа. Низ примери од праксата, тој посочи на повеќе тешкотии пред кои се исправени новинарите во трката со времето.

Освен пријавените учесници, вебинарот го следеа и студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје, кои дојдоа во Институтот за комуникациски студии за да се запознаат со гостинот.

Алгоритмите зад вестите

Алгоритмите зад вестите

Време: 8 ноември (петок) 2019 година, 11-12 часот Предавач­: Игор Трајковски, основач на Time.mk Како функционираат агрегаторите за вести? Според...

Провери, па објави

Провери, па објави

Време: 31 октомври (четврток) 2019 година, 11-12 часот Предавач: Васко Попетревски, уредник на емисијата „360 Степени“ Новинарите како никогаш досега...