
Кога: 14 септември, 12.30-14.15 часот
Каде: „Лоја“ Тетово
Инфо за настанот: Делегацијата на Европската Унија ќе ги промовира трите проекти за поддршка на медиумската слобода, финансирани преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017. На промоцијата ќе се обратат Н.Е. Семуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Скопје, министерот за образование и наука Арбер Адеми, претставници на Агенцијата за медиуми и аудио визуелни медиумски услуги, како и претставниците на граѓанските организации кои ќе ги презентираат планираните активности и клучни наоди од истражувањата врзани за медиумската и дигиталната писменост.
Во периодот од 2016-2018, трите организации ќе ги реализираат следните проекти:
- Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести на Македонскиот институт за медиуми заедно со Институтот за комуникациски студии, Синдикатот на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон
- Со критичко размислување до граѓани со медиумска умешност: КриТинк на Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центарот за европски стратегии
- Проект за младинско изразување на Младинскиот образовен форум што го реализира заедно со Центарот за балканска соработка Лоја и Младинската алијанса од Крушево