Ај на кафе, во живо

Дебата „Младите и онлајн конзумеризмот“

Свесни ли се младите дека некој ги „демне“ нивните кликови и пребарувања по интернет и дека постои скриено и/или отвореното рекламирање производи на инфлуенсерите? Како корпоративниот свет нив ги таргетира и што велат истражувањата за навиките на децата и тинејџерите кога се на социјалните мрежи и како се прави „микротаргетирање“?

На овие прашања ќе се дебатира на настанот на Институтот за комуникациски студии „Младите и онлајн конзумеризмот“, кој ќе се одржи, в четврток на 14 ноември од 11.45-13.15 часот во Агенцијата на аудио и аудио визуелни медиумски услуги (АВМУ).

За овие прашања ќе разговараме со:

  • Моника Ангелковска, алијас Monika Potter – девојката која со над 20.000 следачи на Инстаграм, продава приказни и производи
  • Дарјан Раденковиќ, маркетинг директорот во академијата Бреинстер кој ќе сподели нови трендови и тајни за таргетирање на младите
  • Тамара Ќупева, македонистка, комуниколог и истражувач во медиумската писменост ќе ни пренесе лична перцепција за промена на навиките за читање и учење кај тинејџерите и како новиот начин на комуникација носи промена на интересите кај оваа публика

Модератор на дебатата ќе биде новинарката Ана Зафирова.

ИКС овој настан го организира како дел од „Неделата против лажните вестикако дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост“, финансиран од Европската Унија.

Преку оваа дебата, но и со другите настани и едукативни ресурси и настани, ИКС заедно со партнерите Македонскиот институт за медиуми, Самостојниот синдикатот  на новинари и медиумски работници и   Институтот за различности во медиумите од Лондон, се приклучува кон иницијативата на Мрежата за медиумска писменост „Денови на медиумската писменост 2019“.

Адреса: ул. Македонија бр. 38 (II спрат)

Настанот ќе може да се следи преку видео стриминг на веб страниците на www.stopdezinformacii.mk и  www.mediumskapismenost.mk.

Младите и онлајн конзумеризмот во три минути

Види ја целата дебата на видеото подолу