За проектот

Веб страницата СтопДезинформации.мк е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, кој го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон.

Целта на проектот е преку унапредување на писменоста за вести и на дигиталната писменост, да се подобри ефективноста, одговорноста и етичкото однесување на граѓаните и новинарите во дигиталниот простор.

Проектот ќе им помогне на граѓанските организации поефективно да се справуваат со лажните вести и неетичкото известување во медиумите, а корисниците на социјалните медиуми ќе добијат нови ресурси преку кои ќе стекнат знаења како да станат информирана публика која умее критички да пристапува кон онлајн вестите. Исто така, проектот ќе поттикнува дебата за писменоста за вести и дигиталната писменост меѓу новинарите, со акцент на економските и социјалните услови за унапредување на слободата на изразување.

Активностите се дизајнирани за да помогнат во зајакнување на знаењата и капацитетите на целните групи, за тие да можат понатаму да ја промовираат писменоста за вести и дигиталната писменост, како во медиумската индустрија, така и меѓу пошироката публика. Дел од нив предвидуваат обуки, менторирање и регрантирање на граѓански организации, подготовка на стратегија за социјалните медиуми, како и истражување за мотивациите на корисниците на социјалните медиуми и разновидни едукативни ресурси (видеа, туторијали, блог-постови, онлајн квизови). Дополнително, ќе се спроведуваат кампањи и медиумски настани наменети за корисниците на социјалните медиуми, новинарите и граѓанските организации, ќе се организира годишна награда за медиуми кои го промовираат новинарството во јавен интерес и ќе се објавуваат месечни публикации за медиумските професионалци.

Проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ е финансиран од Европската Унија.