Повик за обучувачи за медиумска и информациска писменост

Кој: Македонскиот институт за медиуми
Краен рок за аплицирање: 14 септември 2018 година
Каде: во просториите на МИМ (Јуриј Гагарин 17-1/1, 1000 Скопје)

МИМ организира обука за десет обучувачи од областа на медиумската и информациската писменост што ќе се одржи на 27 и 28 септември 2018, во просториите на МИМ.

Обуката е наменета за сите оние кои имаат искуство во подготовка и реализација на обуки, работилници и јавни настапи или, пак, имаат долгогодишно искуство во областа на медиумите, ИТ-технологијата или образованието.

Избраните учесници ќе бидат ангажирани како обучувачи на МИМ на идни обуки и работилници во рамки на проектот што ќе се одржуваат за локални невладини организации, коишто се заинтересирани и сакаат да се занимаваат со медиумска и информациска писменост.

Повикот е отворен до 14 септември 2018 година. Повеќе информации за повикот може да најдете на следниот линк: https://mim.org.mk/mk/novosti/1102-mim-objavuva-povik-za-obuchuvachi-od-oblasta-za-mediumska-i-informaciska-pismenost.