И новинарите грешат. Но, отчетен и транспарентен медиум е оној кој ќе ја признае грешката пред публиката и изворите, обидувајќи се од истата да научи лекција за професионално работење. Во Неделата против лажните вести ИКС објавува лични искуства на новинари од Македонија кои беа доволно доблесни за да споделат ситуации кога не постапиле според професиналните стандарди и Етичкиот новинарски кодекс. Горан Михајловски се сеќава на ситуација од пред многу години кога поради непотврдени извори, во весникот „Вест“ објавил информација со која на семејство на позната јавна личност му била нанесена дополнителна болка во и онака чувствителната ситуација. „Оттогаш секогаш двапати, трипати и повеќе пати ја проверуваме информацијата, особено во специфични ситуации“ – вели Горан Михајловски.
Албанска верзија