Кога: 12, 13 и 15 ноември
Каде: Во просториите на Институтот за комуникациски студии (Јуриј Гагарин 17-1/1, 1000 Скопје)
Инфо за настанот: Во рамките на Неделата против лажните вести, Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе организира три работилници „Како да се справиме со лажните вести“ наменети за средношколци, студенти и пензионери.
Учесниците ќе имаат можност да научат како да ги препознаваат манипулациите, дезинформациите и лажните вести во медиумите, како да ги проверуваат информациите и зошто е важна медиумската писменост.
12 ноември – Работилница со средношколци (во соработка со Гимназијата Орце Николов)
13 ноември – Работилница со пензионери (во соработка со Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија)
15 ноември – Работилница со студенти ( во соработка со Македонскиот институт за европски студии)