Работилница против лажните вести со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија

Втората работилница во рамките на Неделата против лажните вести ја организиравме со членовите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Заедно со предавачите, Зоран Димитровски и Михајло Лахтов, учесниците учеа како функционираат медиумите и како влијаат врз нашите животи, а работеа и на откривање на лажните вести, дезинформациите манипулациите во медиумите.

Во ера кога повеќе од десет часови дневно поминуваме во контакт со медиуми, многу е важно да зборуваме која е важноста и влијанието на медиумите и како да направиме разлика помеѓу професионалното новинарство и манипулациите.

Работилниците ќе ги опфатат сите старосни групи и се дел од #НеделаПротивЛажниВести.

Повеќе фотографии од обуката, може да видите тука.

Неделата против лажните вести од 8ми до 12ти ноември е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ што го реализираат Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми, Синдикатот на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот е финансиран од Европската Унија.