Кога: 21 и 22 ноември 2018
Каде: Во просториите на Македонскиот институт за медиуми (Јуриј Гагарин 17-1/1, 1000 Скопје)
Инфо за настанот: Во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ќе организира обука „Медиумска писменост и разбирање на новинарското работење“, наменета за граѓанските организации на кои им беа доделени мали грантови за реализација на активности за промовирање на медиумската писменост.
Целта на обуката е да им помогне на граѓанските организации да разберат зошто е важна медиумската писменост, да се запознаат со принципите на етичкото и професионалното известување и некои од алатките за комуникација со медиумите, ни и како да разликуваат манипулација и пропаганда во вестите за да можат соодветно да реагираат.