И новинарите грешат: Зоран Димитровски

Во најновото сведоштво во рамки на серијалот „И новинарите грешат“, новинарот Зоран Димитровски се сеќава на ситуација од пред 10 години кога во неделникот „Фокус“ објавил погрешна информација за поранешниот министер за одбрана, Владо Поповски за која бил сигурен дека е вистинита и не ја проверил.

„Поуката од ова е дека без оглед на тоа што сметате дека одредени податоци и факти ги знаете, дека сте сигурни во нив, добро е да ги проверувате особено кога во нив се споменуваат личности без оглед дали се политичари, бизнисмени итн.“, вели Димитров.

Албанска верзија