Модерни технологии – зависност или бенефит?

Носител на проектот: Здружение за дислексија „Ајнштајн“

Наслов на проектот: МОДЕРНИ ТЕХНОЛОГИИ – ЗАВИСНОСТ ИЛИ БЕНЕФИТ?

Влијанието на брзо напреднатата технологија врз развојот на децата бележи големи нарушувања во однос на когнитивните, комуникациските, социјалните функции, моторната активност и однесувањето на децата. Последиците од овие нарушувања се согледуваат во здравствениот, образовниот систем, дислексија, доцнење во развојот, задоцнет говор, анксиозност, депресија и нарушување на сонот. Свеста на населението за штетните последици од прекумерното користење на технологиите врз развојот на децата е на многу ниско ниво. Имајќи ги предвид сите наведени последици потребно е да се согледаат ризик факторите и да се едуцираат родителите како да изготват стратегии за здраво детство без прекумерна употреба на технологии.

Целта на проектот е зајакнување на јавната свест за штетното дејство на прекумерната употреба на модерната технологија во развојот на децата; Во рамки на проектот ќе биде креиран портал кој ќе понуди квалитетна медиумска содржина за темите во фокусот.

Преку дебати, истражувачки стории и онлајн кампања ќе се работи на зголемување на соработката помеѓу „Ајнштајн“ и Центарот за ментално здравје на децата и Институтот за рехабилитација на слух, говор и глас заради едукација на населението; Поттикнување на вклучување на локалните самоуправи, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Бирото за развој на образованието во изнаоѓање соодветни решенија за намалување на зависноста од модерни технологии кај децата.

“Ајнштајн” е здружение на граѓани чија цел е да се подигне јавната свест за дислексијата во образовните институции, родителите, релевантните институции и јавноста. Во фокусот на својата мисија е информирање, едукација, поттикнување на дискусија, соработка и поддршка за сите кои се засегнати од оваа состојба.

Лице за контакт од организацијата: Дамјан Николовски, [email protected]