Ромите и медиумите

Носител на проектот: Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес
Медиумски партнер: ТВ Шутел

Наслов на проектот: РОМИТЕ и МЕДИУМИТЕ

Главниот проблем кој „Прогрес“ сака да го надмине преку проектните активности е недоволната застапеност на Ромите во медиумите, односно тоа дека нивното секојдневие и проблеми се често невидливи за медиумите и е претставена погрешна слика за оваа популација. Затоа, првиот дел од проектот е насочен кон мерење на застапеноста на Ромите и начинот на известување за нив, и дали постои дискриминација. Додека пак, вториот дел опфаќа обуки кои ги тангираат Ромите кои се соочуваат со недоволна едукација и развој на критичката мисла за овозможување правилно користење на интернет и социјални мрежи, но и развој на вештини за селектирање вистинити вести.

Целите на проектот се отстранување на негативната слика за Ромите од медиумите и стекнување на знаења за препознавање на информации, и правилно користење на интернетот и социјалните мрежи.

Главните целни групи кои се дел од проблемот кој се адресира со овој проект се: младите Роми 15-25 години, но и целокупната Ромска популација.

Активностите во проектот вклучуваат: истражување, изработка на флаер, видеа во врска со медиумското известување и писменост, обуки и дебати.

Здружението Прогрес осумнаесет години активно работи на полето на еманципација на младите Роми и нивна инклузија во сите општествени сфери. Главните полиња во кои Прогрес делува се човекови права и дискриминација, едукација и застапување на интересите на младите Роми. Мисијата на Здружението Прогрес е градење на еднакво и мултикултурно општество за сите граѓани кое функционира на база на толеранција и почитување. Почитувањето на различностите и толеранцијата се основните вредности на кои Прогрес се повикува во својата работа и делување, како во внатрешните меѓусебни односи, така и во интеракција со другите чинители на општеството.

Лице за контакт од организацијата: Кети Јованова, roma.progress@hotmail.com