Во рамки на проектот „За подобро ментално здравје“ кој го спроведува здружението „Доверба“ од Куманово, преку проектот „Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“ на Радио Бум-Куманово беше емитувана емисија со Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите.
Колку е важно менталното здравје, дали медиумите доволно информираат на оваа тема, колку умеат да препознаат лажни вести и како лажните вести влијаат врз формирањето на младата личност, се само некои од темите за кои со Адамчевски разговараше новинарката Александра Максимовска.
Во среда на 27 март ќе се емитува и отворена контактна емисија, во која гостин повторно ќе биде Мирче Адамчевски, а граѓаните ќе можат да се јавуваат директно во емисијата.
Погледнете ја целата емисија:
Оваа емисија е поддржана преку проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.
Содржините во емисијата се единствена одговорност на авторот и здружението Доверба, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија