Здружението Доверба го започнува проектот „За подобро ментално здравје“ со две радио емисии

Во рамки на проектот „За подобро ментално здравје“ кој го спроведува здружението „Доверба“ од Куманово, преку проектот „Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“ на Радио Бум-Куманово беше емитувана емисија со Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите.

Колку е важно менталното здравје, дали медиумите доволно информираат на оваа тема, колку умеат да препознаат лажни вести и како лажните вести влијаат врз формирањето на младата личност, се само некои од темите за кои со Адамчевски разговараше новинарката Александра Максимовска.

Во среда на 27 март ќе се емитува и отворена контактна емисија, во која гостин повторно ќе биде Мирче Адамчевски, а граѓаните ќе можат да се јавуваат директно во емисијата.

Погледнете ја целата емисија:

Оваа емисија е поддржана преку проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Содржините во емисијата се единствена одговорност на авторот и здружението Доверба, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија