Обука: Заштита на правото на граѓаните на веродостојни информации

Кога: 02 и 03 април 2019
Каде: Во просториите на Македонскиот институт за медиуми (Јуриј Гагарин 17-1/1, 1000 Скопје)

Во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ќе организира обука „Заштита на правото  на граѓаните на веродостојни информации“, наменета за граѓанските организации на кои им беа доделени мали грантови за реализација на активности за промовирање на медиумската писменост.

На обуката граѓанските организации ќе се запознаат со различните механизми и алатки за реагирање на дезинформации во медиумите. Некои од начините за реагирање на граѓаните го вклучува правото на исправка и одговор согласно Законот за медиуми, реакции до медиумите, право на пристап до информации, жалба до ААВМУ и/или до други релевантни државни институции, жалба до Советот за етика во медиумите на Македонија (CЕММ) итн. Од особена важност е граѓанските организации да ги зајакнат своите знаења и вештини за брзо и ефикасно реагирање, а нивните реакции да содржат релевантни информации. Обуката ќе им овозможи да подготват поплаки за различни дезинформации што ги забележале во медиумите и за прекршувања на етичките стандарди во медиумските содржини.