Магазинот е посветен на заштита на интересите на потрошувачите и обработува актуелни теми и проблеми од потрошувачката сфера, нудејќи корисни совети за потрошувачите. Првиот број се фокусира на дигиталниот пазар, присуството на хемикалии во играчките, употребата на средства за слабеење, совети за заштита на правата на потрошувачите и новости од ЕУ.
Подготовката на магазинот е поддржана преку проектот„Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.
Преземете го е-Магазинот за потрошувачи