Во рамки на активностите на проектот „За подобро ментално здравје на младите“ кој го спроведува Здружението „Доверба“ од Куманово, во среда, 24 април со почеток во 09:15 часот на Радио Бум ќе се емитува третата радио емисија со експерти, во која гостин ќе биде долгогодишниот новинар Зоран Иванов, а водител новинар ќе биде Александра Максимовска, асистент во проект.
Во емисијата која ќе оди во живо ќе можат да се јават и слушателите и да се информираат повеќе за медиумската писменост, колку е таа потребна во денешно време со појавата на социјалните мрежи, која е улогата на традиционалните медиуми во справувањето со лажните вести, како да се заштитат граѓаните од лажни вести и како да ги препознаат.
Оваа емисија ќе ги повика и средношколците, професорите, стручните тимови и родителите да учествуваат на обуките кои ќе се одржат во рамки на проектот.
Емисијата ќе биде емитувана репризно и ќе биде споделена на социјалните мрежи, фб страна на здружение Доверба како и на официјалната страна на Радио Бум.
Проектот „За подобро ментално здравје на младите“ кој го спроведува Здружението „Доверба“ од Куманово е поддржан во рамки на проектот „ Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести “, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.