Обука за продуцирање на медиумски содржини

Кога: 27 и 28 мај, 2019
Каде: Во просториите на Македонскиот институт за медиуми (Јуриј Гагарин 17-1/1, 1000 Скопје)

Инфо за настанот: Продуцирање на медиумски содржини со користење на мобилен телефон (mobile journalism), заштита на приватноста и безбедноста на граѓанските активисти и одговорно и ефикасно користење на алатките за медиумска продукција за социјалните медиуми се само некои од темите кои ќе бидат опфатени на работилницата „Продукција на медиумски содржини“, наменета за граѓанските организации кои спроведуваат активности поврзани со промовирање на медиумската писменост. Обучувачот Лук Стеинберг, кој е комуниколог и експерт за медиумска и информациска писменост, ќе презентира примери, добри практики и алатки со цел учесниците да ги унапредат своите знаења и вештини за продуцирање на медиумски содржини за различни платформи.

Работилницата се организира во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, кој го координира Македонскиот институт за медиуми, во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за медиуми и различности од Лондон.