Дебата “Саморегулација во медиумите – состојби, предизвици и можности“

Кога: 8 октомври 2019
Каде: Хотел „Кристал Палас“, Прилеп

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на 8 октомври (вторник), со почеток во 11:00 часот, во хотел „Кристал Палас“, во Прилеп, организира дебата на тема “Саморегулација во медиумите – состојби, предизвици и можности“.

Претставниците на Советот за етика во медиумите кои ќе присуствуваат на дебатата ќе зборуваат за значењето и перспективите на саморегулацијата, како и за досегашните искуства и практики на ова тело.

Настанот ќе биде искористен и за дискусија за најчестите тенденции на прекршување на стандардите во известувањето, како и за начините на кои дејствува СЕММ во врска со случаите на непрофесионално и неетичко новинарство. Исто така, граѓаните ќе бидат запознаени со механизмот за поднесување жалба до Комисијата за жалби при СЕММ.

Дебатата е во рамки на Регионалната програма „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за развој на МИП во земјите од Западен Балкан”, а се спроведува со поддршка на Европската Унија од страна на партнерските организации: Медиацентар Сараево, Албанскиот институт за медиуми, Македонскиот институт за медиуми, Црногорскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Мрежата за професионализација на медиумите во ЈИЕ.