Авторот ќе биде избран од тричлена комисија според квалитетот и оригиналноста на пристапот содржан во апликацијата. Текстот ќе биде хонориран со 6.000 денари (бруто).
Електронската публикација е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: справување со лажните вести“ во кој ССНМ е партнер на Македонскиот институт за медиуми, заедно со Медиа дајверсити институт од Лондон и Институт за комуникациски студии. Проектот е поддржан од Европската Унија. Секој број на публикацијата ќе обработува една поширока тема поврзана со професионалното новинарство, како и со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници во Македонија.
Рок за аплицирање: 22 октомври 2019
Рок за завршување на анализата: 31 октомври 2019