И новинарите грешат: Ана Цветковска

„Во агенциското новинарство важи правилото дека мора да добиеме потврда од официјален извор, па да ја објавиме информацијата, дури и кога сите медиуми веќе го сториле тоа“, објаснува Ана Цветковска, долгогодишна новинарка и уредничка во МИА. Сепак, се случуваат грешки, најчесто технички, при именување извори и лица. Во веста за протестите на 1 Мај, синдикалката Мира Беќар ненамерно станала Ира Беќар. Следеле корекции и лично извинување.

Албанска верзија