Повик за учество на обука за млади новинари

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повика за учество на обука за млади новинари на тема „Писменост за вести и дигитални алатки за проверка на факти“.На дводневната обука која ќе се одржи на 16 и 17 ноември во хотел Градче, Кочани, право на учество имаат новинари и новинарки помлади од 35 години без разлика на искуството, како и студенти по новинарство.

Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични знаења од областа на медиумската и писменоста за вести, со клучните концепти и принципите на медиумската писменост и различните типови на дезинформации и погрешни информации. Ќе зборуваме и за визуелните дезинформации, за алатките за препознавање и проверка на фактите, како и за нивната примена.

Обуката ќе опфати теми и за концептот на новинарството како јавно добро и како јавниот интерес да биде препознаен.

Рокот за пријавување е до 7 ноември 2019 година, а секој заинтересиран треба само да испрати кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: [email protected]

Обуката е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ кој ССНМ го спроведува во партнерство со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Медиа дајверзити институт од Лондон. Проектот е финансиран од Европската Унија, а обуката е поддржана и од Меѓународната федерација на новинари.

Сместувањето и превозот се целосно обезбедени од организаторт. За учесниците кои не се од Скопје, ССНМ ќе ги покрие патните трошоци за автобуски билет.

За дополнителни информации во врска со обуката, можете да не контактирате на електронската пошта на ССНМ: [email protected] или на телефонскиот број 02 2671 201.