Да ги заштитиме тинејџерите од лажните вести

Три родители и професори на средношколци од две кумановски училишта „Наце Буѓони“ и гимназијата „Гоце Делчев“ учествуваа во радио емисија на тема препознавање на лажни вести и нивно влијание врз менталното здравје кај тинејџерите. Во емисијата учествуваа Кети Домазетовиќ, педагог од гимназијата „Гоце Делчев“ и родители на тинејџери Емилија Јакимовска и Тања Мишевска. Емисијата ја водеше новинарката Сузана Андоновиќ.

Шокантните наслови најмногу им го привлекуваат вниманието на родителите и професорите и најчесто ги разликуваат лажните вести по бројните прашалници во насловите на социјалните мрежи. Поголем дел од наставниците не користат Instagram, користат facebook и таму гу читаат вестите, а дел следат традиционални медиуми, претежно телевизии.

Радио емисијата ќе биде едмитувана во вторник 29 октомври годинава со почеток во 13 часот, по што ќе има репризно издание во недела. Емисијата ќе биде поставена и на веба страната на Радио Бум и на здружението Доверба како и на facebook.

Емисијата се одржува во рамки на проектот „За подобро ментално здравје“ кој го го спроведува Здружението „Доверба“ Куманово, а се реализира во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост“-Справување со лажни вести кој го спроведуваат Македонски институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности во Лондон, со финансиска подршка од Европска Унија.