Околу 20 жени на различна возраст ја следат првата од вкупно четирите обуки за медиумска писменост што Институтот за комуникациски студии ги организира во Неделата против лажните вести. Активистките од Сојузот на жените во Македонија ќе осознаат како да ги препознаат и спречат родовите стереотипи во медиумите, но и како да ги препознаат дезинформациите и другите манипултивни техники во вестите.