Алгоритмите зад вестите

Време: 8 ноември (петок) 2019 година, 11-12 часот

Предавач­: Игор Трајковски, основач на Time.mk

Како функционираат агрегаторите за вести? Според кои критериуми се прави рангирањето на вестите? Има ли фаворизирање на медиумите? Која е публиката која се информира на Тајм.мк? Дали и како се случува дезинформации и вести кои се вон новинарските професионални стандарди да се најдат на врвот по читаност?

Следете го онлајн предавањето на Игор Трајковски, основачот на најголемиот македонски агрегатор на вести Тајм.мк.

За кого е наменето ова предавање:

Студенти на новинарство, на комуникации, на односи со јавноста; Новинари, уредници и веб администратори на медиуми; Вработени во агенции за односи со јавноста, маркетинг агенции; Студенти на електротехничките факултети кои изучуваат компјутерски науки и технологии;

За предавачот:

Д-р Игор Трајковски дипломирал на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, на Институтот за информатика во 2001г. Во 2003 се запишува на магистерски студии на универзитетот во Сарланд, Германија и во 2004г. се стекнува со титулата Магистер на науки во областа компјутерски науки. Своите студии и научно-истражувачка работа ги продолжува на Институтот Јожеф Штефан во Љубљана, Словенија во Одделот за Технологии на знаење каде во 2007 се стекнува со академската титула доктор на науки.

Д-р Трајковски бил професионално ангажиран и тоа на Институт за информатика во Скопје како демонстратор (1999-2001), како научно-истражувачки асистент на Универзитетот во Штутгард, Германија (2002 – 2003), како специјалист во развој на софтвер во Т-mobile, Скопје (2004 – 2005), како истражувачки асистент во Институтот Јожеф Штефан, Љубљана (2005 – 2007), Софтверски инженер во Гугл (2007 – 2008), доцент на Њујорк Универзитетот во Скопје (2008 – 2009) и доцент на Факултетот за електротехника и информациски технологии (2010 – 2011) и вонреден професор на ФИНКИ (2011-2016). Исто така е креатор и основач на најголемиот македонски агрегаторот за вести Time.mk (07/2008 – денес).