Работилница за препознавање на лажните вести и дезинформациите за пензионери

На втората работилница во рамки на Неделата против лажните вести, триесетина пензионери од Скопје учеа зошто е важна медиумската писменост, но и како да ги препознаат лажните вести и да се заштитат од дезинформациите и другите манипултивни техники во вестите. Покрај тоа, заедно со предавачот Михајло Лахтов, учесниците учеа како функционираат медиумите и како влијаат врз нашето секојдневие, но и практично работеа на откривање на лажните вести, дезинформациите и манипулациите во медиумите.