Туристичка фотографија

Пази ситуација! Сонце пука во сред работна недела, а ти си под чадор во Грција. Таман задремана, проаѓа господин и си прави фотки без да праша никого. Си викаш, ајде, за Инстаграм селфи-мелфи нешто. Следниот ден – те мава дамла, ама не од сонцето! Сурфајќи низ домашни веб страници, наоѓаш фотка од тебе и наслов: „Македонки со секси тела се сончаат на Халкидики“. Од срам сакаш да те голтне плажата. И сега чаре?

Погледни го видеото и дознај каде можеш да се обратиш доколку медиумите ти ја нарушиле приватноста.