На последната од четирите работилници за препознавање лажни вести и дезинформации кои Институтот за комуникациски студии ги организира во рамки на #НеделаПротивЛажниВести, средношколците од средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ и од гимназијата „Јосип Броз Тито“ учеа зошто е важна медиумската писменост, но и како да препознаат лажни вести и дезинформации.
Неделата против лажните вести е серија настани, обуки и вебинари што ИКС ги организира втора година по ред како дел од проектот Писменост за вести и дигитална писменост – справување со лажните вести. Годинава, ИКС преку овие активности се прилучи кон Деновите на медиумската писменост што ги организира Мрежата за медиумска писменост.