Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во интерес на подобро информирана јавност и побезбедни новинари и медиумски работници при извршување на нивните секојдневни професионални обврски, подготвија публикација со наслов: „Насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19)“.Првиот дел од публикацијата нуди насоки за етичко, професионално и одговорно известување за коронавирусот во услови на светска пандемија, додека вториот дел претставува еден вид на протокол за заштита и самозаштита на новинарите и медиумските работници при пандемијата од болеста КОВИД-19 (коронавирус).
Автори на Насоките се извршната директорка на Советот за етика во медиумите, д-р Марина Тунева и Огнен Јанески, новинар и алумни истражувач при Одделот за јавни информации на ООН.