Тестирај се дали си инфициран од медиумска неписменост Тестирај се дали си инфициран од медиумска неписменост Нудиме квиз од вести што ги објавија домашните информативни портали за пандемијата во земјава. Кликни на линкот и дознај дали умееш да препознаеш информација на која може да ѝ се верува и зошто, дали е скриена реклама или пак е коментар, односно став на новинарот. 1. Порталот frontline.mk објави текст со фотографија на која потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски се гледа во друштво со поранешниот претседател Ѓорге Иванов на средба во кафе-бар за време на изборната кампања. Фотографијата со своја изјава претходно ја споделил Николоски на социјалните мрежи од каде што ја презел порталот.Дали станува збор за вест – информација, за став – мислење на порталот или за „нешто помеѓу“? а) Вест - информација б) Став – мислење в) Хибрид Точен одговор:в) Хибрид Од самиот наслов се гледа дека порталот всушност ја коментирал информацијата која со политички цели за време на кампањата ја споделил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Но, frontline.mk не постапил според професионалните стандарди на новинарството. Новинарите можат слободно да ги коментираат настаните и појавите во општеството, да имаат и сопствен политички став за нив, но правило е коментарите да бидат видно издвоени од вестите и информациите што се објавуваат, а секако и да бидат потпишани од авторот. На ова правило порталот не се придржувал. Дотолку повеќе што frontline.mk претходно не информирал за настанот, за потоа да го коментира, туку си дозволил истовремено со информацијата дека Николоски се сретнал со Иванов да даде и свој коментар, што е недозволено. Кога во некој медиум ќе забележите хибрид од вест и коментар, тоа е аларм дека најверојатно станува збор за сомнителни намери на оној што ја пласира. Точен одговор:в) Хибрид Од самиот наслов се гледа дека порталот всушност ја коментирал информацијата која со политички цели за време на кампањата ја споделил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Но, frontline.mk не постапил според професионалните стандарди на новинарството. Новинарите можат слободно да ги коментираат настаните и појавите во општеството, да имаат и сопствен политички став за нив, но правило е коментарите да бидат видно издвоени од вестите и информациите што се објавуваат, а секако и да бидат потпишани од авторот. На ова правило порталот не се придржувал. Дотолку повеќе што frontline.mk претходно не информирал за настанот, за потоа да го коментира, туку си дозволил истовремено со информацијата дека Николоски се сретнал со Иванов да даде и свој коментар, што е недозволено. Кога во некој медиум ќе забележите хибрид од вест и коментар, тоа е аларм дека најверојатно станува збор за сомнителни намери на оној што ја пласира. 2. Погледајте ги внимателно фотографиите и текстот на онлајн медиумот times.com.mk за време на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.Што мислите, дали е во прашање информација за настанот или пак чиста партиска пропаганда? а) Вест – информација б) Партиска пропаганда Точен одговор:б) Партиска пропаганда Порталот times.com.mk објавил повеќе фотографии пред почнувањето на настанот во Куманово каде што ВМРО-ДПМНЕ одржa средба со граѓаните, како и кусо видео од самиот настан за време на изборната кампања. Од фотографиите и видеото на кое се палат пиротехнички средства може да се забележи присуство на триесетина-четириесет граѓани кои носат маски, но и му аплаудираат и го поздравуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Насловот на текстот во кој авторот вели дека во Куманово има огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е чиста манипулација, зашто е јасно дека бројките на присутни граѓани, како и еуфоријата на партиските симпатизери во време на пандемија од коронавирусот, кога кампањите се десеткувани и ограничени, не можат да бидат никаков репер за поддршката што ја ужива една партија. Точен одговор:б) Партиска пропаганда Порталот times.com.mk објавил повеќе фотографии пред почнувањето на настанот во Куманово каде што ВМРО-ДПМНЕ одржa средба со граѓаните, како и кусо видео од самиот настан за време на изборната кампања. Од фотографиите и видеото на кое се палат пиротехнички средства може да се забележи присуство на триесетина-четириесет граѓани кои носат маски, но и му аплаудираат и го поздравуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Насловот на текстот во кој авторот вели дека во Куманово има огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е чиста манипулација, зашто е јасно дека бројките на присутни граѓани, како и еуфоријата на партиските симпатизери во време на пандемија од коронавирусот, кога кампањите се десеткувани и ограничени, не можат да бидат никаков репер за поддршката што ја ужива една партија. 3. Дали можете да и верувате на следната информација објавена на порталот republika.mk? а) Да, мoжам да и верувам б) Не, не можам да и верувам Точен одговор:б) Не, не можам да и верувам Авторот пласира вест дека генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, пред неколку дена снимал изборен спот во просториите на текстилните фабрики „Мода“ и „Камотекс“ во Св. Николе, во кои имало голем број заразени од корона. Но новинарот не се ни обидел да стапи во контакт со генералниот секретар на СДСМ, Николоски, со претставник на СДСМ, ниту пак со менаџментот на фабриките да праша дали оваа информација е точна, туку ја пласирал без да ја провери. Изгледа свесен за тоа што објавува непроверена информација, авторот ставил прашалник на крајот од насловот, што е тотално непрофесионално. Новинарите се должни да ги проверуваат информациите од повеќе извори особено од оние што се засегнати со нив. Без оглед дали објавената вест е точна или не, доколку забележите дека нема потврда или одговор од другата страна, или, пак новинарот се колеба дали информацијата е вистинита, немојте да и верувате! Точен одговор:б) Не, не можам да и верувам Авторот пласира вест дека генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, пред неколку дена снимал изборен спот во просториите на текстилните фабрики „Мода“ и „Камотекс“ во Св. Николе, во кои имало голем број заразени од корона. Но новинарот не се ни обидел да стапи во контакт со генералниот секретар на СДСМ, Николоски, со претставник на СДСМ, ниту пак со менаџментот на фабриките да праша дали оваа информација е точна, туку ја пласирал без да ја провери. Изгледа свесен за тоа што објавува непроверена информација, авторот ставил прашалник на крајот од насловот, што е тотално непрофесионално. Новинарите се должни да ги проверуваат информациите од повеќе извори особено од оние што се засегнати со нив. Без оглед дали објавената вест е точна или не, доколку забележите дека нема потврда или одговор од другата страна, или, пак новинарот се колеба дали информацијата е вистинита, немојте да и верувате! 4. Дали сметате дека анкетата за партиските рејтинзи објавена на блогот kriminalitenavmrodpmne.wordpress.com е веродостојна? а) Да, веродостојна е б) Не, сомнителна е Точен одговор:б) Не, сомнителна е Првиот сомнеж е што анкетата е споделувана на социјалните мрежи, а линкот упатува на блог на wordpress.com кој не е класичен онлајн медиум, туку според името kriminalitenavmrodpmne.wordpress.com очигледно е дека е партиски афилиран блог кој го администрираат луѓе поврзани со актуелната власт. Втората посомнителна причина е што во текстот не се наведува ниту кој ја правел анкетата, ниту кој ја нарачал, што е професионална обврска на медиумите при објавувањето на анкетите на јавното мислење за политичкиот рејтинг за време на изборната кампања. Инаку, вообичаено партиите преку своите медиумски испостави во кампања лиферуваат анкети направени од „no name“ агенции, наменети за мобилизација на гласачкото тело и создавање впечаток во јавноста за својата надмоќ. Верувајте им само на кредибилни извори на информирање и докажани агенции за истражување на јавното мислење. Се разбира, и тие можат да погрешат во прогнозата, но важна е транспарентноста при објавувањето на резултатите, како и пост-фестум признавањето и објаснувањето на грешките, што е одлика на професионалните истражувачки агенции. Точен одговор:б) Не, сомнителна е Првиот сомнеж е што анкетата е споделувана на социјалните мрежи, а линкот упатува на блог на wordpress.com кој не е класичен онлајн медиум, туку според името kriminalitenavmrodpmne.wordpress.com очигледно е дека е партиски афилиран блог кој го администрираат луѓе поврзани со актуелната власт. Втората посомнителна причина е што во текстот не се наведува ниту кој ја правел анкетата, ниту кој ја нарачал, што е професионална обврска на медиумите при објавувањето на анкетите на јавното мислење за политичкиот рејтинг за време на изборната кампања. Инаку, вообичаено партиите преку своите медиумски испостави во кампања лиферуваат анкети направени од „no name“ агенции, наменети за мобилизација на гласачкото тело и создавање впечаток во јавноста за својата надмоќ. Верувајте им само на кредибилни извори на информирање и докажани агенции за истражување на јавното мислење. Се разбира, и тие можат да погрешат во прогнозата, но важна е транспарентноста при објавувањето на резултатите, како и пост-фестум признавањето и објаснувањето на грешките, што е одлика на професионалните истражувачки агенции. 5. Дали веста што ја објавил онлајн медиумот kurir.mk дека против лидерот на СДСМ Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров е поднесена кривична пријава за изборна измама може да се провери и потврди со факти објавени во текстот? а) Да, може да се провери и потврди б) Не, не може да се провери и потврди Точен одговор:а) Да, може да се провери и потврди Авторот на текстот објавил и факсимил од објавата на кривичната пријава на извесна Олгица Трајковска што ја поднела против Заев и Димитров на 3 јули оваа година, што значи оти објавената информација е точна. Но, проблемот е што со објавената информација се прави класична манипулација. Прво, пасивниот наслов „Поднесена кривична пријава против Заев и Димитров“, може да ги наведе читателите да помислат дека надлежна институција, основното јавно обвинителство, МВР и сл. поднела кривична пријава против Заев и Димитров, а во прашање е граѓанин, односно приватно лице. Второ, може да се добие впечаток дека станува збор за изборна измама за овие избори, а во прашање се изборите од 2016. Трето, и најважно, кривичната пријава е поднесена заради наводна изборна измама според чл. 160 од Кривичниот законик затоа што Заев и Димитров „влијаеле на слободната волја на гласачите како да гласаат на парламентарните избори во 2016 година, свесно лажејќи за Името, Идентитетот, Уставот...“ Но Кривичниот законик не санкционира лажни ветувања, на какви што се повикува пријавувачот, туку во членот 160 се казнува повредата на слободата на определување на избирачите со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин на кој „ќе се спречи или друг ќе се присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право... “. Лажните ветувања на политичарите во демократијата не можат да бидат предмет на кривичен прогон, па затоа поднесувањето ваква кривична пријава и пласирањето вест за неа е наменето единствено за политичка пропаганда. Точен одговор:а) Да, може да се провери и потврди Авторот на текстот објавил и факсимил од објавата на кривичната пријава на извесна Олгица Трајковска што ја поднела против Заев и Димитров на 3 јули оваа година, што значи оти објавената информација е точна. Но, проблемот е што со објавената информација се прави класична манипулација. Прво, пасивниот наслов „Поднесена кривична пријава против Заев и Димитров“, може да ги наведе читателите да помислат дека надлежна институција, основното јавно обвинителство, МВР и сл. поднела кривична пријава против Заев и Димитров, а во прашање е граѓанин, односно приватно лице. Второ, може да се добие впечаток дека станува збор за изборна измама за овие избори, а во прашање се изборите од 2016. Трето, и најважно, кривичната пријава е поднесена заради наводна изборна измама според чл. 160 од Кривичниот законик затоа што Заев и Димитров „влијаеле на слободната волја на гласачите како да гласаат на парламентарните избори во 2016 година, свесно лажејќи за Името, Идентитетот, Уставот...“ Но Кривичниот законик не санкционира лажни ветувања, на какви што се повикува пријавувачот, туку во членот 160 се казнува повредата на слободата на определување на избирачите со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин на кој „ќе се спречи или друг ќе се присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право... “. Лажните ветувања на политичарите во демократијата не можат да бидат предмет на кривичен прогон, па затоа поднесувањето ваква кривична пријава и пласирањето вест за неа е наменето единствено за политичка пропаганда. 6. Онлајн медиумот dokazmakedonija.mk објави кус текст и фотографија што им ја доставил читател на која наводно се гледа како Марјан Даскаловски, претседател на ОО СДСМ Струмица и кандидат за пратеник не носи заштитна маска во затворен простор. Дали можете да и верувате на објавената информација со фотографијата? а) Да, можам да и верувам б) Не, не можам да и верувам Точен одговор:б) Не, не можам да и верувам Иако од фотографијата јасно се гледа дека лицето не носи маска во затворен простор во продавница, порталот Доказ не направил никаков напор да стапи во контакт со Марјан Даскаловски и да го праша за веродостојноста на фотографијата, како и да провери дали таа е од понов или од постар датум, што е основна професионална обврска на новинарите во вакви случаи. Точен одговор:б) Не, не можам да и верувам Иако од фотографијата јасно се гледа дека лицето не носи маска во затворен простор во продавница, порталот Доказ не направил никаков напор да стапи во контакт со Марјан Даскаловски и да го праша за веродостојноста на фотографијата, како и да провери дали таа е од понов или од постар датум, што е основна професионална обврска на новинарите во вакви случаи. 7. Дали за информациите објавени во насловот и во кусиот текст и фотографија објавени на онлајн медиумот Народен глас, авторот нуди докази? а) Не, нема докази б) Да, има докази Точен одговор:а) Не, нема докази Порталот Народен глас објавил фотографија на која се гледа како активисти на ВМРО-ДПМНЕ стојат на штанд каде што се делат пропагандни материјали за предизборната кампања. На сликата има и две девојчиња очигледно со маички од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, што може да алудира на злоупотреба на деца во политичката кампања. Но, од текстот не е јасно дали оваа фотографија била споделувана од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи, или пак е направена за приватна архива, па сега медиумот ја шири. Плус, информациите кои онлајн медиумот ги споделува како поткрепа на фотографијата дека наводно имало големо незадоволство и раздор во ВМРО-ДПМНЕ, а потпретседателот Игор Јанушев немал пристап во сите општински комитети, па морале да ангажираат деца да им стојат на штандови како што се гледало на фотографијата од Берово, не се со ништо поткрепени и претставуваат чиста политичка манипулација. Точен одговор:а) Не, нема докази Порталот Народен глас објавил фотографија на која се гледа како активисти на ВМРО-ДПМНЕ стојат на штанд каде што се делат пропагандни материјали за предизборната кампања. На сликата има и две девојчиња очигледно со маички од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, што може да алудира на злоупотреба на деца во политичката кампања. Но, од текстот не е јасно дали оваа фотографија била споделувана од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи, или пак е направена за приватна архива, па сега медиумот ја шири. Плус, информациите кои онлајн медиумот ги споделува како поткрепа на фотографијата дека наводно имало големо незадоволство и раздор во ВМРО-ДПМНЕ, а потпретседателот Игор Јанушев немал пристап во сите општински комитети, па морале да ангажираат деца да им стојат на штандови како што се гледало на фотографијата од Берово, не се со ништо поткрепени и претставуваат чиста политичка манипулација. 8. Повеќе онлајн медиуми, меѓу кои и libertas.mk објавија вест за т.н. герила акција во скопско Дебар Маало. Што мислите, дали во случајот станува збор за вест, мислење или за политичко-пропагандна порака? а) Вест б) Политичко-пропагандна порака в) Мислење Точен одговор:б) Политичко-пропагандна порака На прв поглед се чини оти станува збор за вест, информација која ја споделил медиумот за тоа дека некој во скопско Дебар Маало поставил телевизор со имињата на медиумите кои се финансирани од Унгарија и фотографија од Груевски и Орбан. Но, ако се имаат предвид пораките што ги упатува оваа герила – акција, очигледно е дека станува збор класична политичко-пропагандна порака на отворен простор, кој не е билборд, каде што политичките партии вообичаено ги пласираат своите рекламни пораки. Кога медиумите пласираат ваква вест за герила - акција, професионалните стандарди наложуваат, ако не можат да го откријат изворот на информацијата, односно оној што во случајот ги поставил телевизорот и фотографиите, заедно со веста да и објаснат на публиката дека е во прашање негативна политичко-пропагандна кампања која е насочена против опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Без такво објаснување, медиумите стануваат дел од кампањата на оној што сака да ги испрати пораките со герила-акцијата. Точен одговор:б) Политичко-пропагандна порака На прв поглед се чини оти станува збор за вест, информација која ја споделил медиумот за тоа дека некој во скопско Дебар Маало поставил телевизор со имињата на медиумите кои се финансирани од Унгарија и фотографија од Груевски и Орбан. Но, ако се имаат предвид пораките што ги упатува оваа герила – акција, очигледно е дека станува збор класична политичко-пропагандна порака на отворен простор, кој не е билборд, каде што политичките партии вообичаено ги пласираат своите рекламни пораки. Кога медиумите пласираат ваква вест за герила - акција, професионалните стандарди наложуваат, ако не можат да го откријат изворот на информацијата, односно оној што во случајот ги поставил телевизорот и фотографиите, заедно со веста да и објаснат на публиката дека е во прашање негативна политичко-пропагандна кампања која е насочена против опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Без такво објаснување, медиумите стануваат дел од кампањата на оној што сака да ги испрати пораките со герила-акцијата. 9. Порталот lider.mk објави куса анализа на анкетата на американскиот Национален демократски институт (НДИ) за рејтинзите на политичките партии, подготвена од Тим институтот, која ја пренесоа повеќе онлајн медиуми.Дали може да им се верува на тврдењата во текстот? а) Да, може да им се верува б) Не, не може да им се верува Точен одговор:б) Не, не може да им се верува Според анализата на lider.mk, анкетата според која СДСМ и коалицијата водат пред ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со 3,6 отсто е лажна. Причината за тоа е што вкупниот збир на процентите од одговорите што се понудени во анкетата за која партија би гласале на изборите изнесувал 93,9 отсто, односно недостигаат 6,1 отсто до 100. Поради тоа, lider.mk заклучува дека анкетата „губи секаква релевантност и може да се смета за евтин, не многу успешен политички трик-маркетинг“! И на прв поглед, навистина е така. Кога ќе ги соберете процентите од табелата излегува дека навистина недостигаат 6,1 отсто. Но, работа на новинарите професионалци е да направат проверка на информацијата пред да решат да коментираат и анализираат. Националниот демократски институт од САД е премногу сериозна институција за да си дозволи таква почетничка грешка во анкетно истражување кое го нарачала за свои потреби. Подоцна, од Тим институтот кој ја реализирал анкетата објаснија дека остатокот од 6,1 отсто што недостига, е даден во друга табела и станува збор за проценти кои ги делат помалите политички партии кои учествуваат на изборите. Но новинарите ниту го имале целото истражување, ниту пак направиле напор да се обратат до агенцијата и до НДИ за да го добијат. Точен одговор:б) Не, не може да им се верува Според анализата на lider.mk, анкетата според која СДСМ и коалицијата водат пред ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со 3,6 отсто е лажна. Причината за тоа е што вкупниот збир на процентите од одговорите што се понудени во анкетата за која партија би гласале на изборите изнесувал 93,9 отсто, односно недостигаат 6,1 отсто до 100. Поради тоа, lider.mk заклучува дека анкетата „губи секаква релевантност и може да се смета за евтин, не многу успешен политички трик-маркетинг“! И на прв поглед, навистина е така. Кога ќе ги соберете процентите од табелата излегува дека навистина недостигаат 6,1 отсто. Но, работа на новинарите професионалци е да направат проверка на информацијата пред да решат да коментираат и анализираат. Националниот демократски институт од САД е премногу сериозна институција за да си дозволи таква почетничка грешка во анкетно истражување кое го нарачала за свои потреби. Подоцна, од Тим институтот кој ја реализирал анкетата објаснија дека остатокот од 6,1 отсто што недостига, е даден во друга табела и станува збор за проценти кои ги делат помалите политички партии кои учествуваат на изборите. Но новинарите ниту го имале целото истражување, ниту пак направиле напор да се обратат до агенцијата и до НДИ за да го добијат. Your score is The average score is 76% LinkedIn Facebook Twitter VKontakte 0% Restart quiz FacebookTweetLinkedInEmail