Погрешно видео и неточни лекови се шират во врска со коронавирусот

НЕ: Човекот на главната фотографија на оваа приказна од интернет страницата за „сатирични вести“, Viral Cocaine, не падна мртов на улиците на Њујорк. ДА: фотографијата покажува човек кој се чини дека колабирал на улица во делот Квинс, Њујорк, на 3 март. ДА: Носел хируршка маска. НЕ: Инцидентот нема поврзаност со коронавирусот.

Забелешка: Фотографии и видеа на луѓе кои не се чувствуваат добро во јавност, заедно со шпекулацијата дека причина за тоа е коронавирусот, речиси сигурно ќе циркулираат на социјалните медиуми. На пример, човек кој се онесвестил на платформа додека чекал воз во Брисел провоцираше неколку од лицата кои случајно се затекнале таму да снимат видео од тој инцидент и да шпекулираат дека причина за тоа е новиот коронавирус.

ЛАЖНИ РИЗИЦИ, ЛАЖНИ ЛЕКОВИ

НЕ: Коронавирусот не предизвикува пулмонарна фиброза (проблеми со белите дробови). НЕ: Ако го задржите здивот 10 секунди, тоа не е сигурен тест за пулмонарна фиброза – ниту за коронавирус. Да: Пиењето вода генерално е добро за нас а соодветната хидратација е важна во лекувањето на секоја инфекција. НЕ: Честото пиење вода не спречува зараза од коронавирусот.

Забелешка: Како голем број на вирални гласини, оваа содржи барање за „испрати и сподели“ со „семејството, пријателите и со сите“. Секогаш бидете скептични кога станува збор за содржини создадени од корисниците кои цитираат извори кои се анонимни и кои не ги знаеме, особено ако јасно бараат од нас тоа да го споделуваме понатаму.

Уште една забелешка: Има и голем број на вирални гласини во “copy-and-paste” стил, од кои повеќето цитираат совети од втора или трета рака од авторитетен извор, кои циркулираат на социјалните мрежи или испраќаат емаил и текстуални пораки во врска со вирусот.

Дополнителна забелешка: Има најмалку дузина појавни форми на овој „совет“ кои циркулираат на интернет, вклучувајќи ги и оние кои велат дека тоа потекнува од „интерна порака“ до „Одборот на болницата Стенфорд“. Во една објава од 11 март, Одборот на оваа болница го демантираше тоа.

Текстот е преземен од News Literacy Project.

Линк до оригиналниот текст: https://newslit.org/get-smart/misleading-video-false-cures-covid-19/