Дали да ги дадам моите лични податоци на барање на банката преку мејл?

Краткиот одговор е не, вели Игор Кузевски, заменик директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци. Тој ни одговори зошто ажурирањето на податоците треба да се врши во просториите на банките и само во кои случаи може тоа да биде онлајн.