Дали е безбедно купување на лекови преку интернет?

Секако дека не е безбедно да се купуваат лекови преку интернет, вели Мерјем Хаџихамза од Агенција за лекови и медицински средства. Таа вели дека самото тоа што оваа проблематика не е регулирана законски укажува на тоа дека не е безбедно и да внимаваме при купување лекови кои немаат упатство на јазиците кои што се зборуваат во државата.