Дали има некоја казна за медиумот што ќе објави лажна вест?

Одговорот е всушност комплексен затоа што постојат многу различни појави кои што се подведуваат денеска под поимот лажна вест, вели Емилија Петреска –Камењарова од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која ни одговори каде може граѓаните да се обратат доколку забележат непрофесионално однесување на медиумите.