Публиката ја интересираше дали стереотипите во медиумите се еден вид лажни вести. Не можеме така директно да ги наречеме лажни вести бидејќи работата со стереотипите, сите, па и тие што се за жените, за родовите воопшто е покомплексна, вели Емилија Петреска –Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.