Дали треба да ги оставам личните податоци ако туристичката агенција го побара тоа од мене?

Нашата публика праша кои лични податоци е безбедно да се остават на туристичките агенции. Игор Кузевски од Дирекцијата за заштита на личните податоци вели дека е најдобро да се дадат само оние податоци кои се потребни за патувањето како име и презиме и бројот на патната исправа и ништо повеќе.