Технологијата ни се наметна многу побрзо отколку што бевме подготвени да ја користиме. Затоа неколку совети што значи правилно користење на интернетот и како да се заштитиме онлајн.
Дигиталната писменост веќе не е само вештина, туку и потреба. Особено во ситуации кога сме принудени да користиме онлајн образовни алатки и/или едукација преку различни медиуми, социјални медиуми, (чет) групи за комуникација онлајн, итн.
Технологијата ни се наметна многу побрзо отколку што бевме подготвени да ја користиме. Затоа неколку совети што значи правилно користење на интернетот и како да се заштитиме и онлајн.
АЛАРМ АКО НЕМАТЕ „ЗЕЛЕНО КАТАНЧЕ“
Отворете го катанчето на веб страницата и проверете дали користите безбеден протокол за пренос на податоци од веб сервер кон пребарувач. Порано сите користеа http://
Но во 2014 Google најави дека ќе поттикнува користење на https:// HTTPS stands for Hypertext Transfer Protocol Secure
Проблемот со редовниот протокол HTTP е дека информациите што доаѓаат од серверот до прелистувачот не се криптирани, што значи дека може лесно да се украдат. Протоколите HTTPS го поправија ова со користење на сертификат SSL (безбеден приклучок), кој помогна да се создаде безбедна шифрирана врска помеѓу серверот и прелистувачот, со што се заштитува од кражба потенцијално чувствителната информација.
Со самото тоа што проверувате дали лево горе на пребарувачот имате ознака – зелено катанче и HTTPS протокол, веќе сте осигурале дека има безбедна комуникација помеѓу серверот и прелистувачот и дека е намален ризикот од fishing – односно кражба на податоци. Внимавајте, доколку не постои ознаката зелено катанче, тоа е првиот сигнал дека нешто не е во ред со таа веб страница.
ИЗБРИШЕТЕ ГИ „КОЛАЧИЊАТА“ ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСТ
Ова исто така ќе ви даде и информации за користење на колачиња browser cookies.
Интернет колачиња (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во меморијата на вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Тие се опасни затоа што го запомнуваат вашиот мејл, лозинките кои ги користите, местата/веб страниците кои ги посетувате, податоците кои ги оставате онлајн. Овие текстуални датотеки може да бидат „прочитани“ од веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на вашиот компјутер и можете да ги наместите поголемиот дел од пребарувачите за да спречите да се складираат. На тој начин го намалувате ризикот од кражба на складирани податоци во меморијата на вашиот компјутер. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страница, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалности.
Ако сакате да дознаете зошто се наречени колачиња и каква поврзаност има со мечката – погледнете го видеото.
Со секој ваш дигитален отпечаток – оставате и интернет впечаток!
Бидете Internet COOLтурен.
Дигитален отпечаток е трага на податоци што ја создавате додека користите Интернет. Вклучува веб-страници што ги посетувате, е-пошта што ја испраќате и информации што ги доставувате до различни онлајн услуги. Овој отпечаток е еден вид потпис за идентитетот и вашето „однесување“ на интернет.
Како да го избришете дигиталниот отпечаток во неколку чекори:
- Внесете го вашето име во неколку пребарувачи за да видите што складира интернетот за вас или накратко – „изгуглајте“ се себеси (кирилично и латинично)
- Двојно проверете ги поставките за приватност на сите социјални медиуми за комуникација што ги користите, како и апликации, но не верувајте слепо во тие поставки. Тука се колачињата, се сеќавате?
- Создадете силни лозинки. Вообичаено велат дека тоа е комбинација од букви со големи и мали букви, како и броеви и/или специјални знаци. Но може да го користите и овој трик:
Реченица која има логичка смисла, реченица од филм или наслов или фраза која е лесна за паметење:
пример:
Jas citam knigi = J@$4it@mK8igi
Skopje e glaven grad = $k05ye2g1@veNg8@d
- Користете дво-факторска автентикација – секогаш кога ќе се најавувате на мејлот од нов компјутер или мобилен, ќе ви биде потребен код. Кодот се испраќа преку порака или на вашиот телефон или на мејл. Со тоа го намалувате ризикот од обиди за логирање од друго лице. И проверете во податоците што ги оставате за автентикација, доколку неодамна сте го промениле бројот или мејлот, овој метод може и да не ви заврши работа. Затоа, најбезбедно е да имате и уште еден мејл, но на различен сервис провајдер (g-mail + yahoo). На тој начин може да вклучите и мулти-фактор автентикација, со пасворд за една употреба.
- Направете update на софтверот и проверка во поставките
ВНИМАТЕЛНО СО КАМЕРАТА
Со оглед на фактот дека деновиве постојано сме на видео – конференциски повици преку различни канали за комуникација, дигиталната писменост е во деталите на поставките.
Се’ започнува од начинот на користење на технологијата, од поставувањето на камерата или аудио и видео алатките. Не дозволувајте преку камерата да се види повеќе отколку што е потребно и заштитете ја вашата приватност, особено ако се јавувате од дома.
Исто така, секогаш препорачуваме да се одјавите од Фејсбук кога не седите на компјутерот, или заклучете го вашиот компјутер секогаш кога ќе заминете.
Уште нешто многу важно – може да имате и дигитален асистент!
Без оглед на вашата деловна активност, дали работите од дома или од канцеларија, со автоматизацијата, апликациите за распоредувачи на состаноци прават повеќе отколку само да ги насочат поставките за закажување. Тие го зголемуваат вашиот проток на работа за да добиете максимални резултати, да бидете фокусирани и да „дојдете навреме онлајн“ за сите состаноци.
Распоредот за состаноци е прекрасен ако го користите правилно. За оние кои користат gmail, Assistant.to е супер едноставно и бесплатно решение.
Assistant.to го вметнува времето директно во е-поштата, така што примачот може брзо да одбере време што му одговара и нему.
Достапно на https://www.assistant.to/
Автор: Лилјана Пецова – Илиеска
м-р Лилјана Пецова – Илиеска е основач на ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување, Програмски директор за приватност и интернет, како и еден од основачите на Форумот за управување на интернет во Македонија. Има претходно десетгодишно работно искуство во Министерството за внатрешни работи, по што следи 4 годишна советодавна позиција во Дирекцијата за заштита на личните податоци, каде беше дел и од експертската работна група на Меѓуресорското тело за заштита на човекови права на РМ.
Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или преземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.