Тестирај се колку си медиумски писмен

Тестирај се колку си медиумски писмен

 

Направивме квиз од вести што ги објавија домашните информативни портали за предизборната кампања. Реши го квизот и дознај дали умееш да разликуваш политичка пропаганда и став од вест, но и да препознаеш информација на која може да ѝ се верува и зошто.

1. Порталот frontline.mk објави текст со фотографија на која потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски се гледа во друштво со поранешниот претседател Ѓорге Иванов на средба во кафе-бар за време на изборната кампања. Фотографијата со своја изјава претходно ја споделил Николоски на социјалните мрежи од каде што ја презел порталот.

Дали станува збор за вест – информација, за став – мислење на порталот или за „нешто помеѓу“?

2. Погледајте ги внимателно фотографиите и текстот на онлајн медиумот times.com.mk за време на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Што мислите, дали е во прашање информација за настанот или пак чиста партиска пропаганда?

3. Дали можете да и верувате на следната информација објавена на порталот republika.mk?

4. Дали сметате дека анкетата за партиските рејтинзи објавена на блогот kriminalitenavmrodpmne.wordpress.com е веродостојна?

5. Дали веста што ја објавил онлајн медиумот kurir.mk дека против лидерот на СДСМ Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров е поднесена кривична пријава за изборна измама може да се провери и потврди со факти објавени во текстот?

6. Онлајн медиумот dokazmakedonija.mk објави кус текст и фотографија што им ја доставил читател на која наводно се гледа како Марјан Даскаловски, претседател на ОО СДСМ Струмица и кандидат за пратеник не носи заштитна маска во затворен простор.

Дали можете да и верувате на објавената информација со фотографијата?

7. Дали за информациите објавени во насловот и во кусиот текст и фотографија објавени на онлајн медиумот Народен глас, авторот нуди докази?

8. Повеќе онлајн медиуми, меѓу кои и libertas.mk објавија вест за т.н. герила акција во скопско Дебар Маало. Што мислите, дали во случајот станува збор за вест, мислење или за политичко-пропагандна порака?

9. Порталот lider.mk објави куса анализа на анкетата на американскиот Национален демократски институт (НДИ) за рејтинзите на политичките партии, подготвена од Тим институтот, која ја пренесоа повеќе онлајн медиуми.

Дали може да им се верува на тврдењата во текстот?

10. Веб сајтот на невладината civilmedia.mk објавил вест од својот мониторинг тим на терен, дека Талат Џафери, екс претседател на Собранието и кандидат на ДУИ на изборите наводно извршил злоупотреба на службено возило за партиски потреби.

Дали текстот нуди доволно докази за потврда на информацијата?

Your score is

The average score is 69%

0%