Дали умееш да ги заштитиш твоите податоци на интернет? Дали умееш да ги заштитиш твоите податоци на интернет? Тестирај го твоето знаење за заштитата на личните податоци и приватноста. Дали знаеш како треба да се постапува со личните податоци? Дали воопшто знаеш кои податоци и информации се сметаат за „лични податоци”? Провери го своето знаење и научи повеќе. 1. Што се лични податоци? а) Лични податоци се оние податоци кои вклучуваат информации во врска со приватноста на некое физичко лице б) Тоа се разни идентификатори со кои може да се одреди и идентификува одредено физичко лице в) Име, презиме, адреса, матичен број, пин на картица, сметка во банка, и слично Точен одговор:б) Тоа се разни идентификатори со кои може да се одреди и идентификува одредено физичко лице Законот за заштита на личните податоци дава дефиниција за тоа што се лични податоци. Иако самата дефиниција не одредува точно ШТО е личен податок, сепак дава широко објаснување за тоа што МОЖЕ да се смета како личен податок. „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор, како што се: име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице; Има повеќе различни идентификатори кои даваат различни информации. Комбинација на два или повеќе идентификатори може да се сметаат за „личен податок“. Доколку имате идентификатор за физички и физиолошки изглед во комбинација со идентификатор за локација и професија, со тој сет од податоци може лесно да се дојде до идентификација на физичко лице, тогаш се смета дека тие податоци се „лични податоци“. На пример:- средовечен маж, 55 години возраст, белец, вработен во угостителски објект, во с. Ново Село, Струмичко, во објект „ХХХ“- жена на возраст од 33 години, виш службеник во Апелација, Битола. Точен одговор:б) Тоа се разни идентификатори со кои може да се одреди и идентификува одредено физичко лице Законот за заштита на личните податоци дава дефиниција за тоа што се лични податоци. Иако самата дефиниција не одредува точно ШТО е личен податок, сепак дава широко објаснување за тоа што МОЖЕ да се смета како личен податок. „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор, како што се: име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице; Има повеќе различни идентификатори кои даваат различни информации. Комбинација на два или повеќе идентификатори може да се сметаат за „личен податок“. Доколку имате идентификатор за физички и физиолошки изглед во комбинација со идентификатор за локација и професија, со тој сет од податоци може лесно да се дојде до идентификација на физичко лице, тогаш се смета дека тие податоци се „лични податоци“. На пример:- средовечен маж, 55 години возраст, белец, вработен во угостителски објект, во с. Ново Село, Струмичко, во објект „ХХХ“- жена на возраст од 33 години, виш службеник во Апелација, Битола. 2. Што не се лични податоци? а) Информации за починато лице б) Информации за компании или организации в) Информации за јавните власти г) Сето горе наведено Точен одговор:г) Сето горе наведено Информациите за починато лице не претставуваат лични податоци. Информациите за компаниите или организациите не се лични податоци. Информациите за јавните власти не се лични податоци. Името/презимето/функцијата на носители на јавни функции не е личен податок. Но, именуваните јавни функционери и/или лица носители на јавни функции имаат право на заштита на нивната приватност. Иако можеби нивното име/презиме/функција не е личен податок, сепак податоците за јавните личности (особено политичарите и носителите на јавните функции) треба да се користат доколку постои јавен интерес и релевантност кон содржината на објавата. Внимавајте, информациите за поединци кои дејствуваат како трговци поединци, вработени, партнери и директори на компанијата, каде што можат индивидуално да се идентификуваат и информациите се однесуваат на нив како на индивидуа, може да претставуваат лични податоци. Точен одговор:г) Сето горе наведено Информациите за починато лице не претставуваат лични податоци. Информациите за компаниите или организациите не се лични податоци. Информациите за јавните власти не се лични податоци. Името/презимето/функцијата на носители на јавни функции не е личен податок. Но, именуваните јавни функционери и/или лица носители на јавни функции имаат право на заштита на нивната приватност. Иако можеби нивното име/презиме/функција не е личен податок, сепак податоците за јавните личности (особено политичарите и носителите на јавните функции) треба да се користат доколку постои јавен интерес и релевантност кон содржината на објавата. Внимавајте, информациите за поединци кои дејствуваат како трговци поединци, вработени, партнери и директори на компанијата, каде што можат индивидуално да се идентификуваат и информациите се однесуваат на нив како на индивидуа, може да претставуваат лични податоци. 3. Што се тоа посебни категории на лични податоци? а) Посебни категории се оние лични податоци кај кои се користат посебни мерки за заштита б) Посебни категории се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице; в) Посебни категории се лични податоци кои се добиваат преку специфична техничка обработка на физичките и физиолошките карактеристики на физичкото лице или карактеристики на неговото однесување, а преку кои се овозможува или потврдува единствената идентификација на физичкото лице; Точен одговор:б) Посебни категории се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице; Сите оние податоци кои откриваат информации за генетските карактеристики, физичките и физиолошките карактеристики, оние кои откриваат широк спектар на идентификатори, како што се податоците за здравјето, велиме дека се сензитивни податоци и за да се врши обработка на ваквиот тип на податоци мора да постои законски основ и/или исполнување на условите за обработка. Зошто овие податоци се „посебни“? Затоа што може да имаат влијание врз заштитата на човековите права и слободи и затоа што може да се злоупотребат за разни цели. На пример: фацијално препознавање, отпечаток од прст, аудио препознавање, скенирање на ирис, верификација со дланка/прст, препознавање преку ретина, медицинско мислење, дијагноза, лекување и медицинска историја, податоци за инвалидитет, медицинска анализа, тестови од лабораторија, членство во трговски/политички сојузи, религиозни заедници, сексуална припадност, итн. Во случајот кога се работи за истражување за медицински цели, генетски/медицински податоци може да НЕ се сметаат како „личен податок“, но треба да се анонимизирани. Точен одговор:б) Посебни категории се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице; Сите оние податоци кои откриваат информации за генетските карактеристики, физичките и физиолошките карактеристики, оние кои откриваат широк спектар на идентификатори, како што се податоците за здравјето, велиме дека се сензитивни податоци и за да се врши обработка на ваквиот тип на податоци мора да постои законски основ и/или исполнување на условите за обработка. Зошто овие податоци се „посебни“? Затоа што може да имаат влијание врз заштитата на човековите права и слободи и затоа што може да се злоупотребат за разни цели. На пример: фацијално препознавање, отпечаток од прст, аудио препознавање, скенирање на ирис, верификација со дланка/прст, препознавање преку ретина, медицинско мислење, дијагноза, лекување и медицинска историја, податоци за инвалидитет, медицинска анализа, тестови од лабораторија, членство во трговски/политички сојузи, религиозни заедници, сексуална припадност, итн. Во случајот кога се работи за истражување за медицински цели, генетски/медицински податоци може да НЕ се сметаат како „личен податок“, но треба да се анонимизирани. 4. На веб страницата на една туристичка агенција се дадени следните идентификатори: име/презиме/телефон/мејл адресаДали ова се „лични податоци“? а) Да б) Не Точен одговор:б) Не Овие идентификатори не се сметаат за „личен податок“ бидејќи се дадени за целите на извршување на услуги од наведената организација. Иако се работи за идентификатори со кои може да се дојде до идентификација на физичко лице, сепак истите се користат за организациски цели и се релевантни за исполнување на услугата која ја дава самата организација. Во оваа ситуација, ќе ви биде дозволено да ги користите овие детали за контакт за да контактирате со лицето доколку сте заинтересирани за користење на нивните услуги. Она што е забрането е ваквите идентификатори да се користат за да го контактирате лицето и да продавате свои услуги. Тоа ќе се смета за неовластено собирање на податоци за цел за која самата индивуда не дала согласност. Користењето на дадените информации за која било друга цел, освен за она што е наведено, е забрането во рамките на Општите правила за заштита на личните податоци (GDPR). Точен одговор:б) Не Овие идентификатори не се сметаат за „личен податок“ бидејќи се дадени за целите на извршување на услуги од наведената организација. Иако се работи за идентификатори со кои може да се дојде до идентификација на физичко лице, сепак истите се користат за организациски цели и се релевантни за исполнување на услугата која ја дава самата организација. Во оваа ситуација, ќе ви биде дозволено да ги користите овие детали за контакт за да контактирате со лицето доколку сте заинтересирани за користење на нивните услуги. Она што е забрането е ваквите идентификатори да се користат за да го контактирате лицето и да продавате свои услуги. Тоа ќе се смета за неовластено собирање на податоци за цел за која самата индивуда не дала согласност. Користењето на дадените информации за која било друга цел, освен за она што е наведено, е забрането во рамките на Општите правила за заштита на личните податоци (GDPR). 5. Сакате да нарачате книга преку онлајн продавница. На веб страницата Ви се нудат повеќе опции. Што ќе одберете? а) Оставете ја вашата мејл адреса за да ви праќаме реклами за секоја промоција на книга која се продава б) Не сакам да се користи мојата мејл адреса за реклами в) Клуб картичка за попуст на купување книги преку оваа онлајн продавница со внесување на податоци за возраст/пол/мејл адреса/омилен жанр г) Податоците за локацијата може слободно да се обработуваат за да го добиете пакетот книги што ќе ги порачате д) Нема точен одговор Точен одговор:д) Нема точен одговор Што и да биде Вашиот избор, треба да бидете свесни и да знаете каде и кому ги оставате Вашите податоци, вклучувајќи ја и мејл адресата. Ваш е изборот дали ќе ја оставите мејл адресата, но со тоа значи дека се согласувате на сите рекламни промоции кои ги праќаат организациите кои нудат вакот тип на услуги. Ваквото рекламирање се нарекува директен маркетинг. Од друга страна пак, одговорот под В) прави профилирање за целите на директен маркетинг и тоа е забрането. Се забранува обработка на поголем сет на идентификатори, со кои може да се прави профилирање за да бидате таргетирани како „иден купувач“. Ваквата обработка се смета за прекумерна обработка на лични податоци и не смее да се користи кон потрошувачите. Исто така, податоците за локацијата може да се сметаат за „личен податок“ доколку се поврзат со сетот на идентификатори од податоците во клуб картичката. Ваквите картици за членство мора да содржат минимум податоци, т.е. идентификатори, кои ќе служат за целите на идентификација на членство, што понекогаш може да биде и само шифра, лозинка за влез, назначен број од компанијата која продава, итн. На тој начин, Вашите податоци кои ги чуваат во компанијата се подобро заштитени. Точен одговор:д) Нема точен одговор Што и да биде Вашиот избор, треба да бидете свесни и да знаете каде и кому ги оставате Вашите податоци, вклучувајќи ја и мејл адресата. Ваш е изборот дали ќе ја оставите мејл адресата, но со тоа значи дека се согласувате на сите рекламни промоции кои ги праќаат организациите кои нудат вакот тип на услуги. Ваквото рекламирање се нарекува директен маркетинг. Од друга страна пак, одговорот под В) прави профилирање за целите на директен маркетинг и тоа е забрането. Се забранува обработка на поголем сет на идентификатори, со кои може да се прави профилирање за да бидате таргетирани како „иден купувач“. Ваквата обработка се смета за прекумерна обработка на лични податоци и не смее да се користи кон потрошувачите. Исто така, податоците за локацијата може да се сметаат за „личен податок“ доколку се поврзат со сетот на идентификатори од податоците во клуб картичката. Ваквите картици за членство мора да содржат минимум податоци, т.е. идентификатори, кои ќе служат за целите на идентификација на членство, што понекогаш може да биде и само шифра, лозинка за влез, назначен број од компанијата која продава, итн. На тој начин, Вашите податоци кои ги чуваат во компанијата се подобро заштитени. 6. Од училиштето Ви праќаат писмо во кое бараат согласност од вас како родител за фотографирање на вашето дете и објавување на веб страната на училиштето. Вие: а) Го потпишувате писмото, сепак се работи за промоција на веб страна на училиштето б) Не се согласувате бидејќи не знаете за што точно се работи в) Се јавувате кај класната да барате во писмото да се детализира целта за собирање на податоци и фотографии на детето Точен одговор:в) Се јавувате кај класната да барате во писмото да се детализира целта за собирање на податоци и фотографии на детето За да се врши обработка на податоци, во што спаѓа и фотографирање и собирање фотгографии од вашето дете, најпрвин мора да постои писмена согласност од родителот. Писмото за согласност мора да содржи информации за конкретната цел заради што се собираат податоците/фотографиите, како и за рокот за чување на овие податоци. Имате право да се јавите и да ја отповикате дадената согласност во кое било време на контакт телефонот даден во писмото за согласност. Точен одговор:в) Се јавувате кај класната да барате во писмото да се детализира целта за собирање на податоци и фотографии на детето За да се врши обработка на податоци, во што спаѓа и фотографирање и собирање фотгографии од вашето дете, најпрвин мора да постои писмена согласност од родителот. Писмото за согласност мора да содржи информации за конкретната цел заради што се собираат податоците/фотографиите, како и за рокот за чување на овие податоци. Имате право да се јавите и да ја отповикате дадената согласност во кое било време на контакт телефонот даден во писмото за согласност. 7. Кога пристапувате на некоја веб страна, ви се појавува прозорче кое ве информира дека таа веб страна собира колачиња. Тие интернет колачиња или cookies може: а) Да собираат лични податоци и информации б) Да ја содржат вашата ИП адреса в) Да ја следат вашата историја на пребарување на интернет г) Да складираат информации од веб сервер на вашиот компјутер Точен одговор:в) Да ја следат вашата историја на пребарување на интернет Колачињата се вашата трага која ја оставате при интернет пребарувањето. Тие се користат за да се олесни и персонализира пребарувањето согласно вашите преференци, она што сакате да го читате, гледате, слушате, т.е. она што е ваш интерес. Интернет-колачињата не може да собираат лични податоци и информации за корисникот од неговиот или нејзиниот компјутер. Точен одговор:в) Да ја следат вашата историја на пребарување на интернет Колачињата се вашата трага која ја оставате при интернет пребарувањето. Тие се користат за да се олесни и персонализира пребарувањето согласно вашите преференци, она што сакате да го читате, гледате, слушате, т.е. она што е ваш интерес. Интернет-колачињата не може да собираат лични податоци и информации за корисникот од неговиот или нејзиниот компјутер. 8. Се фотографирате со вашето друштво. Вие: а) Ја објавувате фотографијата на Фејсбук и ги тагирате сите што се на фотографијата б) Ги прашувате првин дали се согласуваат да ја објавите фотографијата и дали може да ги означите в) Ги означувате сите, ставате локација и пишувате како сте расположени со друштвото г) Ја праќате фотографијата на ваша другарка која не е со вас да и’ покажете кој дошол Точен одговор:б) Ги прашувате првин дали се согласуваат да ја објавите фотографијата и дали може да ги означите Доколку на фотографијата има јасни физички карактеристики со кои се препознаваат физичките лица тогаш фотографијата станува личен податок. Во таков случај, не смеете да ги споделувате, објавувате, праќате на трети лица без согласност од физичкото лице кое се наоѓа на фотографијата. Согласноста и не мора да биде дадена во писмена форма, но според Општите правила за заштита на личните податоци, мора да бидете во состојба да ја докажете дека сте ја добиле. Воедно, информациите за локацијата и расположението, се сметаат за дел од приватноста на индивидуата. Па така, КАДЕ и СО КОГО веќе станува информација која можеби секој нема да сака да ја споделува со јавноста, на социјалните мрежи. Внимавајте кога објавувате такви информации и за себе и за другите. Точен одговор:б) Ги прашувате првин дали се согласуваат да ја објавите фотографијата и дали може да ги означите Доколку на фотографијата има јасни физички карактеристики со кои се препознаваат физичките лица тогаш фотографијата станува личен податок. Во таков случај, не смеете да ги споделувате, објавувате, праќате на трети лица без согласност од физичкото лице кое се наоѓа на фотографијата. Согласноста и не мора да биде дадена во писмена форма, но според Општите правила за заштита на личните податоци, мора да бидете во состојба да ја докажете дека сте ја добиле. Воедно, информациите за локацијата и расположението, се сметаат за дел од приватноста на индивидуата. Па така, КАДЕ и СО КОГО веќе станува информација која можеби секој нема да сака да ја споделува со јавноста, на социјалните мрежи. Внимавајте кога објавувате такви информации и за себе и за другите. 9. Вие добивате е-пошта од авторската агенција со која имате склучено договор, со ваши лични податоци. Авторската агенција бара да ја верификувате точноста на податоците во мејлот: матичен број, адреса и трансакциска сметка. Што треба да направите пред да го испратите одговорот? а) Шифрирајте го одговорот б) Отстранете ги доверливите информации од е-поштата в) Потврдете дека тоа се вашите лични податоци г) Или А или Б е точно Точен одговор:г) Или А или Б е точно Шифрирани мејлови или енкрипција е постапка со која ја заштитувате содржината на вашата кореспонденција. Особено во овој случај кога се работи за содржина во која има и лични податоци. Ваша е обврската да ги заштитите на тој начин што пред да го испратите одговорот ја бришете содржината и поставувате end to end encryption. За ова повеќе прочитајте овде или погледнете го видеото како да го направите тоа нa gmail Точен одговор:г) Или А или Б е точно Шифрирани мејлови или енкрипција е постапка со која ја заштитувате содржината на вашата кореспонденција. Особено во овој случај кога се работи за содржина во која има и лични податоци. Ваша е обврската да ги заштитите на тој начин што пред да го испратите одговорот ја бришете содржината и поставувате end to end encryption. За ова повеќе прочитајте овде или погледнете го видеото како да го направите тоа нa gmail 10. Вие работите на вашето биро и треба да отидете до копирот во другата канцеларија. Што треба да направите пред тоа? а) Да ставите стикер на екранот на вашиот компјутер „брзо се враќам“ б) Да го исклучите/заклучите вашиот компјутер в) Да го исклучите мониторот г) Ништо нема да направите, бидејќи ќе истрчате набрзина до копирот Точен одговор:б) Да го исклучите/заклучите вашиот компјутер Едноставна заштита од неовластен увид во она што го работите е исклучување на мониторот. Но, доколку сакате да имате повисока безбедност и заштита од неовластен увид и ПРИСТАП до податоците од вашиот комјутер тогаш најдобро е да поставите лозинка за заклучување на компјутерот. На тој начин сте сигурни дека сте обезбедиле заштита на сите документи и податоци. Поставување лозинка е првиот чекор кон заштита на податоците. Точен одговор:б) Да го исклучите/заклучите вашиот компјутер Едноставна заштита од неовластен увид во она што го работите е исклучување на мониторот. Но, доколку сакате да имате повисока безбедност и заштита од неовластен увид и ПРИСТАП до податоците од вашиот комјутер тогаш најдобро е да поставите лозинка за заклучување на компјутерот. На тој начин сте сигурни дека сте обезбедиле заштита на сите документи и податоци. Поставување лозинка е првиот чекор кон заштита на податоците. Your score is The average score is 44% LinkedIn Facebook Twitter VKontakte 0% Restart quiz FacebookTweetLinkedInEmail