Медиумите кои немаат онлајн претплата треба веднаш да воведат

НОВА СТУДИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА ИЗДАВАЧИТЕ

Технолошката платформа Зуора е во бизнисот со продавање софтвер за онлајн плаќање и тоа за низа индустрии како што се телекомуникациите или производството, не само издаваштвото. Исто така, компанијата прави годишен извештај со податоци извлечени од нивната база на клиенти која брои околу 1.000.

Изданието за 2020 година, објавено неодамна, има мешавина од добри и лоши вести за издавачката односно медиумската индустрија. Заклучок: претплатите продолжуваат да растат дури и за време на пандемијата, но рекламите (мерени од други извори) се намалуваат побрзо отколку пред пандемијата, тренд кој ќе продолжи.

Оттука, „издавачите кои не користат онлајн претплати, мора веднаш да почнат’, препорачува извештајот. Оние, пак, кои веќе се навлезени во градењето база на претплатници имаат податоци кои може да ги искористат за подлабоко да ја вклучат публиката и да им продаваат нови сервиси.

Други наоди:

Веќе неколку години приходите од онлајн претплати се во стабилен пораст. Стапката на раст е забавена, но сеуште оди нагоре. Рекламирањето, од друга страна, е во застој во последниве години, паѓа кај весниците, но е малку подобро во однос на социјалните медиуми онлајн ТВ. На крајот од минатата година, а и во 2020 до сега, приходот од реклами се намалува со брзо темпо.

Како и да е, загубата на претходните претплатници, во издаваштвото е поголема отколку во некои други индустрии, но изненадувачки, за време на пандемијата не е зголемена. Некои корисници, се разбира се откажаа од претплатите, со оглед на тоа што буџетите на домаќинствата станаа ограничени, но тие беа заменети од еден процент и тоа далеку повисок од вообичаено кои сакаа да останат информирани и притоа сакаа за тоа да платат.

За традиционалните медиуми (весници), резултатот е 5 наспрема еден во преференциите на младите читалите на дигитални спрема печатени медиуми и тоа додава аргументи на потребата од градење на дигиталниот бизнис (додека квантитетот на рекламите се одржува колку што е можно повеќе), отколку да се избришат претплатите за печатените изданија.

Следен чекор: „Да се избегне мешање и да се демонстрира вредност на клиентите, мали или специјализирани публикации може да разгледаат креативно пакување, како на пример објавата на Блумберг медија дека влегува во партнерство со Атлетик“.

Ејми Конари, која го надгледува Индексот за претплатничка економија и е директор на како што таа вели „тинк тенк за помош на клиентите на Зуора“, вели дека претплатите на онлајн сервисите за забава не напредувале толку брзо како претплатите на медиумите во последните месеци, и има и зошто.

„Се претплатувате со големи очекувања. Ако после неколку месеци увидите дека не го користите сервисот многу, може и да го откажете… Претплатите на медиуми вообичаено се подолгорочни, една година или шест месеци за основната понуда. Па така, имате повеќе време да оцените колку се корисни“, вели Конери.

Откако еднаш ќе се заснова врската, обновувањето на претплата не е тешко да се продаде. Таа како пример го наведе бизнис-бизнис издаваштвото, Стандард и Пур, кое после една до две години стана дел од пакетот финансиски информациски сервизи вклучени во операциите на компанијата.

Да се постигне тоа, во услови кога публикацијата се продава на конзументите, а не бизнисот е потешко, но далеку од неизводливо. Таа го наведува очигледниот пример со „Њујорк тајмс, чија претплатничка база од шест милиони се уште расте и според компанијата, продолжува да има постојана стапка на транзиција кон нови, содржини со намалени цени.

Примерот со „Тајмс“ исто така илустрира и нови можности како што претплатничките производи созреваат, вели Конери. Тие сега имаат доволно податоци да ја сегментираат публиката и да ги идентификуваат потенцијалните пазари за додатоци или бесплатни сервиси како што се крстозбори, текстови за готвење или подкасти.

Истата логика важи и за пакет понудите како што е таа на „Блумберг“ и на „Атлетик“ или неодамна најавената двојна претплата за „Вашингтон пост“ и “Фајненшл тајмс“. Ова се успешни, дигитални издавачи кои не се мачат со преживување. Тие можат да го задржат темпото со вкрстена продажба.

Комбинацијата „Пост/ФТ“ е пологична отколку таа на „Блумберг“ и „Атлетик“. Сепак, според Конари, „Блубмерг“ може да ги идентификува читателите заинтересирани за економија кои истовремено сакаат да прочитаат и аналитични спортски текстови, а и двете редакции може да соработуваат на теми од бизнисот во спортот.

Таа се согласи со оценката дека многу обиди за нудење пристап до широк дијапазон на публикации како што се „Епл њуз“ или „Тони Хејлис скрол“ може да бидат проблематични. Во овој случај инструментот за блокирање на рекламите може да биде привлечен, но тоа според Конари ќе доведе до ситуација слична на кабловската телевија со 200 канали, од кои всушност се користат само четири или пет. Сепак, таа смета дека подобро скроени опции се поприблечни – избор помеѓу десетици или стотици веб-страници со претплата може да изгледа малку премногу.

Студијата исто така ги следи и трендовите на претплатата во инстриите каде концептот на онлајн претплата изгледа помалку спроведлив, како што се здравството на пример, каде телемедицинските системи беа во пораст дури и пред пандемијата или производството, каде далечинското дигитално набљудување на перформанците на машините е во пораст.

Истиот принцип важи и кај овие индустрии смета Конари. Поновите, често помали претплатнички пакети растат побрзо отколку претплатите за еден сегмент од традиционалниот бизнис.

За тоа дали вметнувањето онлајн претплати и поврзувањето на блиски сервиси или изданија може да функционира за малите метро или локални весници и онлајн изданија Конари вели:

„Се надевам. Треба да го реобмислиме издаваштвото… за да го задржиме локалното новинарство. За жал, за тоа треба време“, смета Конари.

Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон.